logo na opstina velesdesign

Почеток
Велес - водич
Локална власт
Јавни набавки
Пријави проблем
Архива на настани

 

Број на посети:

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА - Нацрт ДУП за дел од локалитет Керамидна „А“
Понеделник, 01 Март 2010 14:41

Врз основа на член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ  број 51/05, 137/07, 91/09), Градоначалникот на Општина Велес го дава следното

СООПШТЕНИЕ

Се известуваат сите правни и физички лица дека Градоначалникот на Општина Велес донесе Решение за организирање на


ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

за Нацрт Деталниот урбанистички план за дел од локалитет Керамидна „А“, (2009-2014) - Општина Велес


Граници на опфатот се оските на улиците :

  • На југоисток, границата оди по оската на ул.„Благој Ѓорев“ и се надоврзува на постојниот локален пат за Превалец, кој ги тангира од својата долна страна катастарските парцели со бр. 17539/1, 17550/4, 17550/3, 17550/7, 17550/1, 17550/8, 17550/9, 17550/2.
  • На југозапад по правецот на истиот пат од својата долна страна ја тангира КП17552
  • На северозапад продолжува по горната страна на катасарските парцели со бр. 17551/17, 17551/13, 17551/8, 17551/2
  • На запад ја тангира КП16963/55
  • На север и североисток на истата катастарска парцела и од својата долна страна ги тангира катастарските парцели со бр. 17515, 17530, 17531/1 и повторно се надоврзува на ул.„Благој Ѓорев“

Вкупната површина на планскиот опфат во рамките на опишаните граници изнесува 4.096 ha.

Нацрт Деталниот урбанистички план за дел од локалитет Керамидна „А“, (2009-2014) - Општина Велес ќе биде изложен во Граѓанскиот сервис центар од  02.03.2010 – 15.03.2010 секој работен ден од 7.30  до 15.30 часот во кое време заинтересираните правни и физички лица ќе можат да потполнат анкетни листови.

Јавната презентација ќе се одржи во просториите на Општина Велес на ден 10.03.2010 година (среда) со почеток во 12.00 часот.

      
Градоначалник
на Општина Велес
Горан Петров

 
Има 4 гости присутни

ISO 9001 Q-1442

Мапа на Велес / Veles city map

ЈКП Дервен - Велес


Центар за поддршка на НВО
ЗГ Виготски 


Valid CSS!