logo na opstina velesdesign

Почеток
Велес - водич
Локална власт
Јавни набавки
Пријави проблем
Архива на настани

 

Број на посети:

www.veles.gov.mk
Добредојдовте на официјалната веб-страна на Општина Велес

Почитувани граѓани,


Оваа web страна е резултат на нашите напори на едно место да Ви ги понудиме сите релевантни информации поврзани со работата на Градоначалникот, Советот на Општината, администрацијата како и актуелните настани и случувања во градот. Искрено се надеваме на Ваше вклучување со сопствени забелешки, сугестии и коментари кои ќе бидат во функција на нејзин понатамошен развој, со што и понатаму ќе продолжиме да ја зајакнуваме меѓусебната доверба и соработка.
Вашите забелешки доставете ги на e-mail Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Со почит,
Општина Велес

Пријавете проблем до Општина Велес


 
Општина Велес на сите граѓани им го честита 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија.
Среда, 08 Септември 2010 09:40

 
Општина Велес на граѓаните од исламска вероисповед им го честита големиот празник Рамазан Бајрам.
Среда, 08 Септември 2010 09:41

 
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Вторник, 07 Септември 2010 03:04

Општина Велес ги известува граѓаните дека во тек е изготвувањето на нацрт-програмите за активностите на Општина Велес во 2011 година во областа на:
- образованието,
- културата,
- социјална и здравствена заштита,
- спорт, млади и
- поддршка на НВО секторот.

Сите институции, здруженија на граѓани и поединци кои имаат проекти од поширок интерес на заедницата и конструктивни предлози и идеи за активности што треба да се реализираат во 2011 година, можат да доставуваат свои предлози.

Повеќе...
 
Празнично мото рели во Велес
Петок, 03 Септември 2010 18:18

Во рамките на 19-то издание на Меѓународното мото-рели  „Независност 2010“, околу 300 мотоциклисти, на 3-ти септември годинава го донесоа звукот на брзината во Велес. Мотоциклистите ги пречекаа Градоначалникот Горан Петров и претседателот на Советот на Општина Велес , Славчо Чадиев и им посакаа успешно рели низ  Македонија. Велес е првиот град што  го посетија мотоциклистите кои одовде се упатија кон Штип.

Повеќе...
 
Време за нови спортови - Одбојка на песок во Велес
Среда, 01 Септември 2010 13:41

Во организација на Општина Велес и Одбојкарскиот клуб „Борец“, на  4-ти и 5-ти септември годинава  Велес ќе биде домаќин на првиот меѓународен турнир во одбојка на песок. „Ова е продолжување на напорите да ги поддржиме спортистите и спортските клубови во традиционалните, но и новите спортски дисциплини“ изјави на прес конференција Градоначалникот Горан Петров кој  го образложи креирањето на игралиштето за одбојка на песок во градскиот парк. „Град кој има долга спортска традиција треба да има и соодветно игралиште за одбојка на песок“ рече Градоначалникот кој навести почеток на нова традиција на меѓународни натпревари во Велес.

Повеќе...
 
Животот се врати во училишните клупи
Среда, 01 Септември 2010 13:39

На првиот училишен ден од учебната 2010/2011 година, Велес по традиција го исполни џагор и раздвиженост. Разделбите со родителите и првата средба со училишните клупи ги исполнија училиштата со емоции.  Во оваа учебна година во основните училишта во Велес ќе учат вкупно  4939 ученици од кои 539 се првачиња. Во средните училишта  се запишани 3035 ученици од кои 739 во прва година. Градоначалникот Петров на средба со новинарите изрази жалење што во Велес  продолжува трендот на намалување на бројот на ученици кој годинава во основните училишта се намали за 5% . „Токму затоа уште пред два месеци на претседателот на Советот му доставив барање како точка на дневен ред  да ја стави предлог одлуката за спојување на училиштата „Благој Кирков“ и „Џинот“ во еден правен субјект. Верувам дека оваа предлог одлука повторно ќе се најде на дневен ред на некоја од наредните седници.

Повеќе...
 
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ - Канти за отпадоци
Понеделник, 30 Август 2010 14:11

Во рамките на заложбите за постојано унапредување на состојбите со комуналниот отпад, Општина Велес на регистрираните правни лица кои вршат трговска дејност ќе им додели бесплатна канта за отпадоци од 120 литри.

Повеќе...
 
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ - Јавна расправа по Извештајот за стратегиска оцена на влијанија врз животна средина на стопански комплекс свињарска фарма
Понеделник, 30 Август 2010 14:13
Повеќе...
 
Топол културен бран - Борци низ прозорци
Четврток, 26 Август 2010 12:55

Во рамките на манифестацијата „Топол културен бран“, Општина Велес Ве поканува на промоција на книгата

„Борци низ прозорци“ од Васил Божикалиев
промотор: Илија Петрушевски

30.08.2010 (понеделник)
време: 19:30 часот
место: Ликовен салон

Повеќе...
 
Има 13 гости присутни

ISO 9001 Q-1442

Мапа на Велес / Veles city map

ЈКП Дервен - Велес


Центар за поддршка на НВО
ЗГ Виготски 


Valid CSS!