Општина Велес

Центар на Општината Велес е градот Велес сместен во средишниот дел на Македонија, поточно на бреговите на реката Вардар на надморска височина од 206 м. Општина Велес според пописот од 2002 година брои население од 55 108 жители. Тој претставува значаен сообраќаен јазол каде што се вкрстуваат најважните патни и железнички сообраќајни правци на меѓународниот сообраќаен коридор, кој ја поврзува Европа со Блискиот Исток и Северна Африка.