Соопштенија

ИЗВЕСТУВАЊЕ – Времен режим на сообраќај на ул:„Љубљанска“

Се известуваат граѓаните на Велес дека делот од улица „Љубљанска“ (парни броеви од 36-52 и непарни броеви од 21-35) ќе биде затворен за сообраќај четири денови (од понеделник 27.02.2017 до четврток 02.03.2017).

Причина за ваквата ситуација се градежните зафати кои ќе се изведуваат на делот од улицата каде има поставено нова водоводна линија. Од понеделник до четврток интензивно ќе се работи на изведување секундарни приклучоци за домаќинствата.

Сообраќајот на тој дел од градот, поради конфигурацијата на теренот, ќе се одвива под времен режим.

Ви благодариме на разбирањето!

Со почит,
Општина Велес

Термин за полагање на испит за сертификат за авто-такси возач за месец февруари

Соглaсно член 8-з од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на Република Македонија“ број 68/04 …… 71/16) и член 4 од Правилникот за постапката и програмата за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач, формата и содржината на уверението за положен испит и на сертификатот за автотакси возач, („Службен весник на Република Македонија“ бр.98/14), Општина Велес закажува испити за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач на 27.02.2017 година (понеделник) со почеток во 16:00 часот.

Испитот ќе се одржи во просториите на Општина Велес.
Пријавувањето за полагање на испитот се врши со поднесување пријава до Општина Велес најдоцна 2 дена пред одржувањето на испитот (24.02.2017).

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина Службен весник на РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 124/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 42/16) на ден. 02.02.2017година, Градоначалникот на Општина Велес донесе

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена

1. За планскиот документ за изработка на Локална урбанистичка планска документација за изградба на објекти со намена Г2- лесна индустрија на дел од КП 363/3, КО Новачани, Општина Велес, кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на РМ бр.199/14; 44/15; 44/15 и 193/15), не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.
2. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Велес www.veles.gov.mk
3. Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и на формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена за донесувањето на Локална урбанистичка планска документација за изградба на објекти со намена Г2- лесна индустрија на дел од КП 363/3, КО Новачани, Општина Велес, нема да има влијание врз животната средина од следните причини:
• Донесувањето на планскиот документ опфаќа мала област од локално значење. Во моментот е градежно земјиште и е со носечка намена Г-производство, дистрибуција и сервиси, односно Г2-лесна индустрија.
• Со планскиот документ се планира реализирање на проект што не е предвиден со Уредбата за определување на проектите и критериумите врз кои се утврдува потребата за спроведување на постапка за оцена на влијанието врз животната средина.
• Со планскиот документ се планираат нови градби со намена Г-производство, дистрибуција и сервиси, односно Г2-лесна индустрија.
4. Против оваа одлука може да се поднесе жалба преку овој орган до Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштита на животна средина и просторно планирање, во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб страната.


 

 

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Општина Велес согласно известувањето од Агенција за храна и ветеринарство, ја информира јавноста дека во соседните земји Република Бугарија, Република Србија и Република Грција, се појавила болеста Авијарна инфлуенција кај живината и другите птици. Оваа болест е високо заразна и може да предизвика големи загуби во живинарската индустрија, во одгледувањето и ограничување во увозот и извозот на живи птици и производи од живина.

Повеќе...

63-та СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Претседателот на Советот на Општина Велес, Александар Колев ја информира јавноста дека денес 30.01.2017 година (понеделник) во просториите на Општина Велес со почеток во 13:00 часот, Советот на Општина Велес ќе ја одржи 63-та седница.
За 63-та седница на Советот предложен е следниот дневен ред:

Повеќе...

Честитка од Градоначалникот и Советот на Општина Велес за празникот Свети Сава

Почитувани,
Дозволете во мое лично име и од името на Советот на Општина Велес, на сите припадници на српската заедница да Ви го честитам денешниот празник Свети Сава.
Секогаш имаме чест и задоволство заеднички да го одбележиме Денот на српската заедница во Република Македонија. Ние како блиски народи и соседи сведочиме дека историјата на Балканот е богата со многу личности, дејци кои оставиле универзална трага врз целото поднебје.

Повеќе...

Институциите подготвени за второ полугодие од учебната година

Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев денеска во посета на образовните институции. Повод е почетокот на второто полугодие во учебната 2016/2017 година.
При посетата констатирано е дека училиштата се целосно подготвени. Поради ниските темпрератури дел од нив имаа проблеми со системите за затоплување, но тие се поправени и од утрово се ставени во функција. Учениците се на настава во топли простории.

Повеќе...

ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СЛАВЧО ЧАДИЕВ ЗА ПРАЗНИКОТ БОГОЈАВЛЕНИЕ - ВОДИЦИ

Почитувани,
Од Името на Општина Велес, но и од мое лично име, дозволете ми на сите православни верници да им го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици.
Сакам да Ви посакам желби за добро здравје, лична среќа и успех на сите полиња во животот.

Повеќе...

АПЕЛ: Внимавајте на замрзнатата површина на Е. Младост

Општина Велес и Градоначалникот Славчо Чадиев им препорачуваат на граѓаните е да се избегнува површината на Езерото Младост. Само така ќе бидат сигурни дека не се изложени на непотребни ризици.Поради наглото зголемување на температурите, можно е многу брзо голем процент од мразот да се стопи, па тоа да биде голема опасност за сите присутни. Дококлу мразот распука тој ќе предизвика големи штети по животот и здравјето на лицата кои во моментот ќе бидат по површината на Езерото.

Повеќе...

СООПШТЕНИЕ - Отежнато собирање на отпад

СООПШТЕНИЕ
Почитувани граѓани,
Вонредните временски услови го оневозможија редовно извршување на услугата за собирање и транспортирање на отпад во ноќните часови.
Заради тешката пристапност до високите зони во градот и проблемите во функционирањето на возилата за собирање на отпад во услови со екстремно ниски температури се создадоа купови со отпад на локациите за складирање на отпад и околу контејнерите.

Повеќе...