Соопштенија

Честитка од Градоначалникот и Советот на Општина Велес за празникот Свети Сава

Почитувани,
Дозволете во мое лично име и од името на Советот на Општина Велес, на сите припадници на српската заедница да Ви го честитам денешниот празник Свети Сава.
Секогаш имаме чест и задоволство заеднички да го одбележиме Денот на српската заедница во Република Македонија. Ние како блиски народи и соседи сведочиме дека историјата на Балканот е богата со многу личности, дејци кои оставиле универзална трага врз целото поднебје.

Нивниот спомен останува да биде почитуван и признаен. Токму српскиот архиепископ Сава е еден од нив, симбол за почит на српскиот народ во светски рамки, а секако и во Република Македонија и во Општина Велес.
Со почит,
Славчо Чадиев, Градоначалник на Општина Велес.