Соопштенија

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Општина Велес согласно известувањето од Агенција за храна и ветеринарство, ја информира јавноста дека во соседните земји Република Бугарија, Република Србија и Република Грција, се појавила болеста Авијарна инфлуенција кај живината и другите птици. Оваа болест е високо заразна и може да предизвика големи загуби во живинарската индустрија, во одгледувањето и ограничување во увозот и извозот на живи птици и производи од живина.

Со оглед на опасноста и можноста за појава на болеста Авијарна инфлуенција кај живината и во нашата земја Ве соопштуваме како би можеле навремено да интервенирате во Ветеринарна служба за секоја појава која е невообичаена кај живината.