Соопштенија

Барање за номинирање претставник

Почитувани,

Советот на Општина Велес на седницата одржана на 27.02.2017 година донесе ПРАВИЛНИК за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и постапката за реализирање на Културната манифестација Интернационален фолклорен фестивал „Велес“- Велес.

Согласно изменувањето и дополнувањето на Правилникот за реализирање на Културната манифестација Интернационален фолклорен фестивал „Велес“- Велес,членовите на организациониот одбор се избираат од Советот на Општина Велес по претходно доставени предлози од страна на фолклорни ансамбли и културно уметнички друштва од Општина Велес.

Бројот на членовите е 5 од кои еден е претседател и 4 члена, а мандатот на членовите е две години.

За таа цел Ве охрабрувам да номинирате претставник од Вашиот Фолклорен ансамбл или Културно уметничко друштво за член на Организациониот одбор. Во прилог на номинацијата, задолжително да се достави CV за лицето кандидат за член на Организациониот одбор.

Комисијата за мандатни прашања ќе ги разгледа пристигнатите номинации и ќе му предложи на Советот состав за членови и претседател на Организациониот одбор на ИФФ-Велес.

Со цел навремено верификување на мандатите и отпочнување на уште едно успешно издание на ИФФ-Велес, очекувам Вашите номинации со предлог- кандидати да ги доставите најдоцна до 20-ти март 2017 година.