Соопштенија

Честитка на градоначалникот Славчо Чадиев по повод Светскиот ден на ромската заедница – 8-ми Април

Почитувани,
Од мое лично име и од името на Советот на Општина Велес, на сите припадници од ромска националност им го честитам Светскиот ден на ромската заедница – 8-ми Април.
Овој светски празнуван ден е само уште еден поттик за засилување на меѓуетничката соработка, градење на мултиетничко општество, мотив за бришење на стереотипите и предрасудите, затоа што сите заедно можеме подобро да градиме иднина.

Општина Велес во интерес на што побрзиот прогрес на развојот на ромската заедница реализираше и во тек на реализација се бројни проекти за подобрување на стандардот и условите на живот на Ромите.
Општина Велес и во иднина ке продолжи со напорите за целосна еманципација на Ромите следејќи ги насоките од Националната стратегија за Роми на Република Македонија.
M-р Славчо Чадиев,
Градоначалник на Општина Велес