Соопштенија

Честитка од Градоначалникот Славчо Чадиев по повод Велигден

Почитувани граѓани,
Ми претставува особена чест и задоволство до сите граѓани на Општина Велес од христијанска вероисповед, да упатам срдечни честитки по повод празникот посветен на Христовото воскресение – Велигден.
Честитајќи Ви го овој голем христијански празник, Ви посакувам добро здравје, благосостојба и духовен мир. Велигден го празнува животот од кој се раѓаат љубовта и надежта како симболи на победата над смртта.

Милоста Божја и неговата безрезервна љубов, нека Ви бидат утеха и поткрепа во секојдневното живеење.
Замногу години!
Христос воскресна!
м-р Славчо Чадиев
Градоначалник на Општина Велес