На 39 седница одржана на 29 август годинава, Советот на Општина Велес за нов претседател го избра д-р Ненад Коциќ од Советничката група на СДСМ.

Д-р Ненад Коциќ е специјалист за интерна медицина и сопственик на приватна здравствена установа.

На локално, национално и меѓународно ниво е познат како граѓански активист во ЕД „Вила зора“ и Зелената Коалиција во борбата против загадувањето од поранешната топилница и воопшто сите загадувачи на животната средина.

Д-р Коциќ е избран на функцијата претседател на Советот на Општина Велес откако поранешниот претседател Душко Петров поднесе оставка од лични и професионални причини.