Од утре, 21 август 2019 ќе започнат градежните работи за реконструкција на раскрсница во населбата „Керамидна“, од спојот на улицата „Наце Димов“ со улицата „Стефан Димитров“.

Ќе се вршат градежни работи за подобрување на условите за одвивање на сообраќај. Градежните работи ќе се изведуваат во траење од 2-3 дена . Општина Велес апелира до граѓаните да бидат трпеливи во периодот на изведба на градежните работи.