Честитка по повод Курбан Бајрам

Почитувани сограѓанки и сограѓани од исламската вероисповед, Со искрена благодарност за Вашиот голем придонес во негувањето на соживотот со граѓаните од сите заедници и Вашата несебична поддршка во развојот на Велес, во свое лично име, во име на Советот на општината и во име на граѓаните, Ви го честитам големиот празник Курбан бајрам. Со желба…

Честитка од градоначалникот Kоцевски по повод 12 август, Меѓународниот ден на младите

Драги млади,  Во свое лично име, во име на Советот на Општина Велес и во име на граѓаните Ви го честитам 12 август, Меѓународниот ден на младите. Вие сте двигателот на промените во општеството,  носечкиот столб на нашата заедница.  Вашиот младешки потенцијал треба да се развива кон развој на позитивните вредности. Само со Вас, Вашата…

Известување за градежни зафати на одводна атмосферска коловозна решетка на ул. „Љубљанска“, лоцирана под ООУ „Блаже Конески“

Ве изестуваме дека на ден 13.08.2019 година се предвидени градежни зафати на одводна атмосферска коловозна решетка на дел улица “Љубљанска“ во Велес, лоцирана под ООУ “Блаже Конески“. Предвидените градежни зафати на одводната атмосферска коловозна решетка ќе се изведуваат во периодот од 07:00 до 18:00 часот, за што ќе биде применет времен режим на сообраќај во…

Велес се простува од Ристе Ристевски

Денеска, на Градските гробишта „Св. Спас“ ќе бидат погребани посмртните останки на Ристе Ристевски истакнат интелектуалец и политичар од Велес. Во периодот 1982-1984 година Ристевски ја извршуваше функцијата претседател на Собранието на Општина Велес. Во историјата на македонскиот народ ќе остане запаметен како активен учесник во штрајкот на велешката гимназија, во 1942 година и како…

Информација за одржување на јавна расправа по нацрт верзија на Студија за оцена на влијание врз животната средина за “Под – проект Хидро систем Лисиче, IPSVV фаза 3” Општина Велес

Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство ја известува заинтересираната јавност дека како Инвеститор на “Под – проектот Хидро систем Лисиче, IPSVV фаза 3” Општина Велес, заедно со консултантите од компанијата ENCON ја изработија Студијата за оцена на влијание на проектот врз животната средина. Проектот за Хидросистемот Лисиче III фаза ќе се реализира со финансиска помош…

Се реновира училиштето во Бузалково

Во тек се завршните градежни работи за реновирање на подрачното училиште на ООУ „Васил Главинов“ во Бузалково. Освен изведувањето на ситни лимарски и браварски работи и замена на оштетени прозорски стакла се изврши и санирање на подни подлоги- стругање и лакирање на подовите во училниците на вториот кат со вкупна површина од 200 квадрати, како…

Барање за добивање на Б-Интегрирана еколошка дозвола за Друштво за инженеринг, проектирање, монтажа и услуги “КЕПС МОНТ ГРОУП” ДОО Скопје

Согласно член 122 став 4, а во врска со член 99 став 1 од Законот за животната средина (Службен весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07,159/08, 83/09, 48/10,124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18), до Градоначалникот на Општина Велес доставено е Барање за добивање на Б-Интегрирана еколошка дозвола со бр.23-2471/3 од…

Како до подобра соработка со граѓанскиот сектор?

Граѓаните на Велес, претставниците на граѓански здруженија и јавната администрација покажаа голем интерес за семинарот на ЦИВИЛ за транспарентност и одговорност кој вчера и денес се одржува во хотел „Романтик“, на брегот на езерото „Младост”. Семинарот е посветен на стратешкото планирање на проектот „Граѓански објектив: Транспарентност и одговорност во политичките процеси“, финансиран од Национален фонд…

Кајакарот Петрушевски најбрз на „Илинден Опен 2019“

37 кајакари од земјава и соседна Србија денес учествуваа на отворениот Кајак слалом натпревар „Велес Опен 2019“ кој по тринаесетти пат се организира во Велес. Со резултат од 96,03 секунди Ангелче Петрушевски беше најбрзиот кајакар на денешниот натпревар. Офиијални резултати по категории : Во дисциплината К-1/пионери, првото место го освои Стефан Рибарски ККК „Вардар“ Велес,…

Одбележан Денот на Армијата

По повод 18. август, во касарната „Алексо Демниевски – Бауман” во Велес денес се организираше свеченост преку која се одбележа Денот на Армијата на Република Северна Македонија. На прославата беа поканети и присуствуваа градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, преставници на јавните установи и служби, преставниците на единиците на локалната самоуправа во зоната на одговорност…