Градежни работи на улица „Љубљанска“

Општина Велес ги започна предвидените градежни работи околу реконструкција на постоечката атмосферска сливна решетка на дел од улицата „Љубљанска” лоцирана во близина на ООУ „Блаже Конески“.Првата фаза е веќе завршена, а од следната недела градежните работи продолжуваат со реализација на втората фаза. Општина Велес апелира до учесниците во сообраќајот за внимателно возење, внимателно движење на…

Одржан Кајак слалом на диви води „Илинден Опен 2019’

Денес, во водите на Вардар се одржа Кајак слалом на диви води „Илинден Опен 2019“ во организација на кајак клубот „Вила Зора“ од Велес, кој 24 години наназад го организира овој настан. Во повеќе дисциплини беа постигнати следните резултати: Во дисциплината К-1 пионери, првото место му припадна на Стефан Рибарски од ККК „Вардар“ Велес, втор…

Честитка по повод Денот на Армијата

Почитувани припадници на Армијата на Република Северна Македонија, Во свое лично име, во името на Советот на Општина Велес и во името на сите граѓани, ви го честитам 18. август, Денот на Армијата. Вашето несебично залагање и посветеноста кон работата придонесуваат кон унапредувањето на мирот и на безбедноста за сите граѓани. Пожртвуваноста, лојалноста и подготвеноста…

Работна средба на Коцевски со директорите на општинските училишта

Новиот закон за основно образование, реонизацијата, актуелните состојби, како и подготвеноста на основните и средните училишта за почетокот на учебната година беа во фокусот на средбата која градоначалникот денес ја оствари со сите директори на основните и средните училишта. Имено, измените во однос на досегашниот закон за основно образование се однесуваат на бројот на ученици…

Честитка по повод Светскиот ден на хуманитарните работници

Почитувани хуманитарни работници, Со голема благодарност за вашата благородна мисија и успешната соработка, во свое лично име, во име на Советот на Општина Велес и во име на граѓанките и граѓаните, ви гo честитам 19 август, Светскиот ден на хуманитарните работници. Велес е хуман град, град кој беше познат како центар на хуманоста особено по…

Подобрени услови за инвестиции во ИЗ „Мамутчево“

Во индустриската зона Мамутчево заврши првата фаза од изградбата на систем за водоснабдување во индустриската зона. Во првата фаза се изведе резервоарски простор со зафатнина од 500м3. Градежните работи ги изведе компанијата „Евро Инженеринг“ ДООЕЛ Велес, а надзорот „ИНТЕРГРАДБА Ла“. Вредноста на инвестицијата изнесува 8.6 милиони денари. 6.9 милиони обезбеди Центарот за развој на Вардарскиот…