ОПАЃА КВАЛИТЕТОТ НА ВОЗДУХ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Со започнувањето на грејната сезона се зголеми и загадувањето на воздухот во градот. Во изминатиот месец, мерната станица за следење на квалитетот на амбиенталниот воздух лоцирана во населба Тунел, измерила изразено високи концентрации на ПМ 10 честички во воздухот во дури 23 денови. Од одделението за заштита на животна средина при Општина Велес, велат дека…

Градоначалникот Аце Коцевски со одговор на рекациите на граѓаните во врска со зонското паркирање

На денешната прес конференција Градоначалникот Коцевски одговори на бројните реакции на граѓаните на социјалните мрежи во врска со зонското паркирање. Тој рече дека го разбира револтот на граѓаните но кога се прави голема  промена која се одразува на секојдневиот живот и навиките на граѓаните, првите чекори секогаш се сложени и тешки. „Велес заслужува да биде…

Честитка по повод 3 Декември, Меѓународен ден на лицата со попреченост

Почитувани сограѓанки и сограѓани Во име на Советот на Општина Велес, во име на сите жители на градот и во свое лично име Ви го честитам Меѓународниот ден на лицата со попреченост. 3 Декември не е единствениот ден во годината кога јавноста го свртува вниманието кон вас, тоа го правиме сите 365 денови во годината,…

Соопштение за организирање на јавна презентација и јавна анкета по предлог ДУП за дел од УБ 56 и дел од УБ 57, УЕ 11, Општина Велес

Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), член 51 од Статутот на Општина Велес, (Сл. Гласник 12/06, 03/09, 18/10 и 15/14), и донесената Годишна програма за…

81 години од ,,Бели Мугри“

Денеска се навршуваат 81 години откако Антологиската ,,Бели Мугри“ на Рацин го здогледа светлото на денот. Во печатницата на Драгутин Шпулер, во далечната 1939 година,во градчето Самобор,Хрватска,се ,роди,, стихизбирката која претставува најзначајно поетско дело во современата македонска литература. Составена е од 12 песни, меѓу кои „Денови“, „Ленка“, „Тутуноберачите“, „Копачите“, „На Струга дуќан да имам“, во…

Честитка по повод светскиот ден на детето

Драги деца, Во име на Советот на Општина Велес, во име на сите жители на градот и во свое лично име Ви го честитам Меѓународниот ден на детето, 20 ноември. На овој ден, секоја година, се потсетуваме на Вашите права кои произлегуваат од Конвенцијата за правата на децата усвоена во 1989 година. На овој ден…

Конкурс за стипендирање на талентирани ученици и студенти за учебната 2020/2021 година

Врз основа на член 3 од Деловникот за работа на Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.11/2011), член 7 од Прaвилникот за условите, критериумите и начинот за доделување стипендии на талентирани ученици и студенти во Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес 20/2018), а во…

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Согласно последни резултати од мониторинг станицата за квалитет на амбиентен воздух Велес 2 на Државниот автоматски мониторинг систем при Министерството за животна средина и просторно планирање, Општина Велес  ги известува граѓаните за високи среднодневни концентрации на PM 10 честички на територија на Општина Велес за деновите 11 и 12 ноември 2020 година. Согласно Уредбата за…

ВЕЛЕС ГО ОДБЕЛЕЖА 9 НОЕМВРИ

Седумдесет и шест години слободен Велес, 9 Ноември, датум врежан во колективната меморија на жителите на Велес. Ден над сите денови во историјата, ден на непокорот и саможртвата на борците од Народно-ослободителната борба. Ниту на овој ден денешен, во услови на вонредна криза поради пандемијата, велешани не ја забораваат историјата, не ги забораваат борците и…

ДЕНЕСКА ПОЧНУВА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ТРОТОАРОТ, НА ПОТЕГОТ ОД ТЕАТАРОТ ДО ПОШТА

Почитувани, Општина Велес ја известува јавноста дека ќе се реконструира тротоарот од левата страна на улица „Благој Ѓорев“, на потегот од Театарот до Пошта. Градежните работи ќе започнат денеска. Прво ќе се крши, асфалтот, ќе се товари и транспортира до одредена дестинација, потоа ќе се вадат корења од дрвја за да се подготви површината за…