ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РАБОТНОТО ВРЕМЕ НА „МОЈА АПТЕКА”

За време на забраната за движење (полициски час), Аптеката „Моја аптека” Велес 2 (Зегин), со седиште на ул. „Благој Ѓорев” бр. 105, ќе работи во деновите 18 април (сабота) и 20 април (понеделник) 2020 година, со работно време од 07:30 до 19:30 часот. Телефон за контакт: 071 279 721

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РАБОТНОТО ВРЕМЕ НА АПТЕКИ „ЕУРОФАРМ”

За време на траење на забраната за движење на населението, во текот на претстојните празници,дежурна аптека која ќе работи во деновите петок, сабота, недела и понеделник на територијата на Општина Велес е: Еурофарм Велес 1, улица „8 Септември” бр.56 Телефон: 043 222 886 Во останатите денови сите аптеки ЕУРОФАРМ на територијата на Општина Велес ќе…

ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕВСКИ ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ

Почитувани, Во име на Советот на Општина Велес, во име на граѓаните од сите заедници и во свое лично име, на сограѓаните со православна вероисповед им го честитам големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден. Овој голем христијански празник е можност да ја искажеме нашата љубов, да ја зајакнеме нашата толеранција, да го зачуваме и…

ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ ВО ВЕЛЕС

Почитувани, Општина Велес ја известува јавноста дека во текот на денешниот ден, во соработка со Територијалната противпожарна единица – Велес, ЈКП „Дервен” и ЈП „Парк – спорт”, започнаа дезинфицирање на сите станбени колективни згради, пооголемите објекти на јавните институции, како и на јавните површини во градот. Во оваа акција за дезинфекција предвидено е да се…

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ДВИЖЕЊЕ ЗА ВРЕМЕ НА ЗАБРАНА НА ДВИЖЕЊЕ (полициски час)

Почитувани, Општина Велес ги известува жителите на Општина Велес кои имаат неодложна потреба од движење за време на забрана за движење (полициски час) движењето можат да го најават и достават свои податоци на следниот линк: https://veles.gov.mk/izvestuvanje-za-policiski-cas/ Напомена: Општинскиот штаб за заштита и спасување- Велес не издава дозволи за движење за време на полицискиот час, затоа…

СВЛЕЧИШТЕ „ЦУЦКА” – ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЧИТУВАЊЕ НА ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ

Почитувани, Во месноста „Долни дуќани” во тек се градежни работи  за санација на штетите настанати како последица од рушењето на дел од карпата од свлечиштето викано „Цуцка”, при што беше срушен потпорен ѕид, оштетена сообраќајницата на патниот правец Велес – Гевгелија , како и дел од железничката линија. Во фаза на изведување на градежните работи…

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕВСКИ СО АПЕЛ ДО ПРИПАДНИЦИТЕ НА ПРАВОСЛАВНАТА ВЕРОИСПОВЕД

Драги сограѓанки и сограѓани, почитувани верници од православна вероисповед, Со утрешниот Велики Петок, отпочнува чествувањето на Торжеството над Торжествата, Воскресението на Господ Исус Христос, центарот на Православната вера и празнувањето. Имајќи предвид дека согласно Верата, Велигден, односно Пасха означува и Премин или Ден на спасение, најчовечки топло и најдлабоко искрено, без намера да ги повредам…

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ГРАДЕЖНИ РАБОТИ

Почитувани, Општина Велес ја известува јавноста дека од денес, 14 април 2020 година започнува со изведба на градежни работи за проектот „Одведување на отпадни води од комплексот ‘ВЕЛ СИТИ‘” во должина од 430 метри. Градежните работи, во кои ќе биде вклучена и механизација за работа (градежни машини, камиони и друга механизација) го опфаќаат просторот од…

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА

Почитувани, Општина Велес ја известува јавноста дека екипа на Територијалната противпожарна единица – Велес, денес продолжи со дезинфицирање на дел од просторот на улица „Ганчо Хаџи Панзов” (во близина на Спомен-костурницта и дел од улицата), со цел превенција и заштита од ширење на Covid-19 (коронавирус). Со почит,Општина Велес