СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Општина Велес ја информира јавноста дека во кругот на поранешна Топилница, денеска се случил пожар, кој од страна на физичко лице, во 10:50 часот  е пријавен во Територијалната противпожарна единица Велес. По интервенцијата на пожарникарите, пожарот е локализиран во 11:35 часот. Опожарена е површина од околу 100 квадратни метри. Веднаш е излезено на лице место…

ГОЛЕМИ УСПЕСИ НА ГОК „БОРЕЦ“ ВЕЛЕС НА ТУРНИР ВО МЛАДИНСКА КОНКУРЕНЦИЈА

Одбојкарите од Градскиот одбојкарски клуб „Борец“ од Велес го освоија првото место во групата на финалниот турнир во младинска конкуренција што се одржа пред две недели во Струмица. Во конкуренција на силни одбојкарски тимови успеале да постигнат солидни резултати и да се најдат на првото место во групата. На овие натпревари велешките одбојкари играле против…

ВЕЛЕС ЌЕ ДОБИЕ СТУДИЈА ЗА ЈАВЕН ГРАДСКИ ПРЕВОЗ

Програмата за развој на Обединетите нации УНДП ја одобри апликацијата на Општина Велес за реализација на проект за подготовка на Студија за јавен градски превоз. За проектот кој е во вредност од околу 40.000 долари, во текот на вчерашниот ден УНДП објави и тендер за изработка на физибилити студија за оптимална мрежа и систем на…

ТЕКОВНИ ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Градежната експанзија во Општина Велес е во тек и моментално во градот се реализираат следниве градежни актоивности согласно програмата за уредување на градежно земјиште за 2021 година. Во тек се градежни работи за асфалтирање  на дел од улица „Васа Кошулчева“ во должина од околу 250 метри,  извршен е ископ,  планирање на терен , извршено е…

ВИДЕО ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД 9 МАЈ, ДЕНОТ НА ЕВРОПА

Младите од Велес и градоначалникот Коцевски со видео честитка по повод 9 мај, Денот на Европа. „Драги, млади велешанки и велешани, Денес ја славиме Европа, континент кој повторно се изгради благодарение на силната соработка и желба за побезбедно и посигурно утре на европските жители. Наоѓајќи заеднички пат напред, на овој важен ден во историјата, многу…

ВО АКЦИЈАТА ,,ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“ СЕ ИСЧИСТИЈА ОД ОТПАД ШУМСКИОТ ПОЈАС КОН СЕЛО СОПОТ, СТАРИОТ ПАТ КОН СКОПЈЕ И ОСТРОВОТ НА РЕКА ВАРДАР

Над 150 граѓани меѓу кои претставници на Граѓански здруженија, училишта, вработени во општинската администрација, волонтери на Црвен крст, ЈКП ,,Дервен“ и други, денеска се вклучија во акцијата ,,Генералка викенд“. Тие го исчистија од отпад шумскиот појас кон село Сопот и стариот пат кон Скопје и собраа 20 кубни метри отпад. Во акцијата се вклучи и…

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД 8 МАЈ, ДЕНОТ НА ЦРВЕН КРСТ И ЦРВЕНАТА ПОЛУМЕСЕЧИНА

Почитувани, Во име на Советот на Општина Велес, во име на граѓанките и граѓаните на Општина Велес и во свое лично име, на сите активисти на Општинската Организација на Црвен крст, на сите крводарители и хумани граѓани, Ви го честитам 8 мај, Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената Полумесечина. Хуманоста е најголемата доблест на…

УЧЕНИЦИТЕ ОД ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВКЛУЧЕНИ ВО АКЦИЈАТА „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“

Учениците од основните училишта во Велес и околните населени места денеска се вклучија во акцијата за собирање и селектирање на отпад „Генералка викенд“. Учениците и вработените на ООУ  „Св.Кирил и Методиј“ кои реализираат настава со физичко присуство, денеска во задниот двор на училиштето  собраа 20 килограми пластичен отпад и 99 килограми стара хартија. Успешна акција…

ДЕЦАТА ОД ОЈУДГ „ДИМЧЕ МИРЧЕВ„ ВКЛУЧЕНИ ВО АКЦИЈАТА „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“

Најмладите велешанчиња се вклучија во акцијата „Генералка Викенд“ што деновиве се реализира  во Општина Велес. Децата од шестте клона на  градинката „Димче Мирчев“ денеска беа вредни и собраа стара хартија и пластика.

НА ПРВИОТ ДЕН ОД ПРОЛЕТНАТА АКЦИЈА СОБРАНИ 26 КУБНИ МЕТРИ ГАБАРИТЕН ОТПАД

Почна пролетната акција за собирање на габаритен отпад од домаќинствата во Општина Велес. Денеска, комунални работници од ЈКП „Дервен“, од неколку локации на градот собраа 26 кубни метри габаритен отпад. Граѓаните претходно го пријавија својот габаритен отпад во комуналното претпријатие. Пролетната акција за собирање и транспортирање на габаритниот отпад ќе трае до сабота, 08 мај.