ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се известуваат граѓаните на општина Велес дека утре (Среда 03.02.2021)  и задутре ( Четврток  04.02.2021 год )  на дел од улица „Богдан Каракостев“ – од спој со улица “Ристо Најдов Шајката“  до спој со ул “Славјанска “ќе се изведуваат градежни работи – реконструкција на водоводни приклучоци од новопоставена  водоводна линија  до водомерите на секој потрошувач.…

ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТИ ОД ПОСЛЕДНИОТ КВАРТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА 2020 НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Финансиските податоци од последниот квартален извештај за 2020 година на Општина Велес покажуваат дека минатата година во Велес многу повеќе се градело во споредба со претходните години, изјави на денешната прес конференција градоначалникот Коцевски. Во 2020 година капиталните расходи кои се однесуваат на средствата од буџетот што општината ги  инвестирала во изградба на нова и…

СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ПОПИСОТ Е КЛУЧЕН ЗА ПЛАНИРАЊЕ И РАЗВОЈ НА ИДНИНАТА НА ДРЖАВАТА

На денешната прес конференција градоначалникот Коцевски ја истакна важноста од спроведувањето на Пописот  на населението, домаќинствата и становите. Оваа сложена статистичка операција ќе се спроведе од 1 до 21 април оваа година. „Пописот е најважна статистичка операција што по правило се спроведува еднаш во 10 години. За жал во нашата земја, успешен Попис не е…

СОЦИЈАЛЕН ДИЈАЛОГ – СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ ДО ВРАБОТУВАЊЕ

Во тек е имплементирање на реформа на средното стручно образование , со цел истото да ја оствари својата примарна цел во креирање квалификуван и стручен кадар кој ќе одговара на потребите на пазарот на трудот. Министерството за образование и наука  спроведува анализа за да ја утврди соодветноста на постојните образовни профили кои им се потребни…

ПОВИК ЗА СЛЕДЕЊЕ И/ИЛИ УЧЕСТВО ВО ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ „ИЗГРАДБА НА ПОКРИЕН ГРАДСКИ ПАЗАР ВО ВЕЛЕС”

Почитувани, Општина Велес Ве поканува да ја проследите и/или земете активно учество на Јавната расправа на која ќе биде презентиран проектот „Изградба на покриен Градски пазар во Велес”. Јавната расправа ќе се одржи во понеделник, (11 јануари 2021 година), со почеток во 17:00 часот. Поради актуелната состојба со пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19, Јавната расправа…

ДОДЕЛЕНИ ТАБЛЕТИТЕ НА ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ВЕЛЕС

Градоначалникот Коцевски  им ги предаде таблетите на основните и средните училишта во Велес кои ќе бидат наменети за учениците од семејства кои се во тешка социјална состојба. Денеска беа доделени вкупно 210 таблети од кои 132 на основните  и 78 на средните училишта во градот. На ООУ „Блаже Конески“  на трајно користење доделени му се…

ОПШТИНА ВЕЛЕС ОД ХАБИТАТ И ВИНЕРБЕРГЕР ДОБИ ДОНАЦИЈА ВО ЌЕРАМИДИ ЗА ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ ВО БАШИНО СЕЛО

Подрачното основно училиште „Панко Брашнаров“ во Башино Село доби донација во ќерамиди за реконструкција на покривот на објектот. Донацијата ја обезбеди Здружението за хумано домување Хабитат Македонија преку партнерскиот договор со најголемиот производител на тули во светот  Винербергер. „Хабитат Македонија е домакин на еден несебичен гест на компанијата Винербергер. Првата донација е во ќерамиди за…