Биографски податоци:

Аце Коцевски е роден на 07.06.1961 година. По професија е дипломиран градежен инженер-насока организација. Сопственик е на Друштвото за градежништво и консултантски услуги „АФИОН“ ДООЕЛ-Велес. Оженет е и татко на две деца-студенти. Зборува англиски, а се служи со руски, српски и хрватски јазик.

Кариера

Октомври 2017
• Градоначалник на Општина Велес избран од граѓаните, како кандидат од редовите на Социјал- демократскиот сојуз на Македонија

2010-2017
• Основач и управител на Друштвото за градежништво и консултантски услуги АФИОН- Велес. Дејност: изградба и реконструкција на градежни објекти, изведба на термоизолациони фасади, продажба на градежни материјали.

2005- 2009
• Градоначалник на Општина Велес
• Претседател на Советот за развој на Вардарскиот плански регион
• Претседател на Асоцијацијата на Градови од Македонија со архитектонско наследство
• Член на УО на ЗЕЛС и претседател на Комисијата за финансирање и администрација

2000 – 2005
• Градоначалник на Општина Велес

1999 – 2000
• Потсекретар во Министерството за локална самоуправа задолжен за развој нa локалната самоуправа и европски интеграции;
• Раководител на Тимот за изработка и реформа на системот на локалната самоуправа во Република Македонија

1994 – 1998
• Пратеник во Собрание на Република Македонија;
• Координатор на пратеничка група и претседател на Комисијата за урбанизам и градежништво на Собранието на РМ;

1986 – 1988
• Секретар на Младинската организација на поранешна Југославија

1982 – 1983
• Претседател на студентска организација на Универзитетот “Свети Кирил и Методиј” во Скопје;

Професионален развој:

• Автор на Стратегијата за реформа на системот за локална самоуправа на Република Македонија и на неколку други документи усвоени од владата на РМ.
• Од Советот на Европа бил ангажиран за обука на градоначалници.

• Престојувал на професионална едукација на Колеџот на Европската Унија во Бриж-Белгија, институциите на ЕУ во Брисел и Стразбур, САД, Германија, Холандија, Данска, Полска, Франција, Шведска, Естонија, Словенија, Хрватска, Грција. Единствен претставник на Македонија на Вториот Светски самит на градови и локални власти за Информатичко општество, Билбао, Шпанија 2005.

• Бил ангажиран како советник на градоначалниците во Тетово и Арачиново. Од страна на домашни и меѓународни институции бил ангажиран како консултант на проекти и обуки од областа на локалната самоуправа (децентрализација, фискална децентрализација, добро општинско управување, администрирање со даноци и такси, енергетска ефикасност, задолжување, домување, етички кодекс и др).

Награди и признанија:

• 2004 година награда на МЦМС за долгогодишен придонес во развојот на граѓанското општество и демократија,
• награда „Зелено јаболко“на ДЕМ во 2002 година,
• признание „Бела еко листа “ на ЕПЦ,
• признание „Хуманист на годината“ за 2004 година, на списанието „Семеен магазин“ .

Под негово раководство општина Велес била добитник на повеќе награди и признанија:
• Општина со најдобар индекс на капацитет во 2005, 2006, 2007 и 2008 во Република Македонија- УСАИД;
• Три признанија за најдобри општински практики во рамките на програмата „ Етика на Локално ниво“ (ЗЕЛС, ЕУ, Совет на Европа и Министерството за локална самоуправа)
• Награда за стандард за добро раководење 2008 (Совет на Европа, ЕУ преку Европската агенција за реконструкција, ЗЕЛС и Министерството за локална самоуправа)
• II награда за најдобар проект на општините од ЕУ;
• Награда за добро општинско управување на ФИООМ, 2008