Граѓаните на овој дел од градот ќе добијат ново модерно катче опремено со детски реквизити, урбана опрема и зелени оази за одмор и рекреација на сите посетители.
Проектот се реализира со финансиски средства од буџетот на Општина Велес во соработка со Бирото за регионален развој.
Во светот денеска се зборуваат околу 6.500 јазици, а на околу половина им се заканува исчезнување. Да не дозволиме и нашиот мајчин јазик да биде еден од нив, да продолжиме да го чуваме, да го негуваме и промовираме во светот преку различни научни и културни достигнувања.
Јазикот и дијалектите се непроценливо богатство на една нација и се потврда за идентитетот на народот и неговата традицијата.
]]>Делегации на Општина Велес и советници од Советот на Општина Велес, во чест и почит на хероите положија цвеќе пред Паметникот во Спомен Костурницата.
Февруарскиот поход игра важна улога во подигнувањето на борбената свест и ги забрзува борбените операции за конечно издвојување на посакуваната победа на македонскиот народ против германскиот и бугарскиот фашистички окупатор.
]]>
Рајко Жинзифов е роден на 15 февруари 1839 година во Велес. Потекнува од влашко семјество кое од Битола се доселило во Велес. Тој е македонски публицист, писател и поет, преведувач и собирач на народно творештво и е еден од учениците на Миладинов. Жинзифов е авторот на биографијата на браќата Миладиновци. Негово творештво е и поемата „Крвава кошула“ во која тој го опишува тешкиот живот на македонскиот народ под турско ропство.
По повод патрониот празник училиштето организира низа активности меѓу кои и свечената програма што ќе се одржи вечерва во големата сала на Општина Велес со почеток во 18:00 часот.
]]>Манифестацијата по повод Свети Трифун ќе се одржи на 14 февруари (среда) во Младински парк со почеток во 12:00 часот.
Ве очекуваме заедно да го прославиме големиот христијански празник, заштитникот на лозарите, со добро вино, вкусна храна и добра забава.
]]>Општина Велес овој проект ќе го реализира во соработка со Светска банка и Министерството за транспорт и врски.
]]>
Освен за детското катче во Башино село, Општина Велес започна со постапките за избор на изведувачи и за детските игралишта и спортски терени во населените места Иванковци, Отовица и Превалец.
Општина Велес продолжува со инвестиции кои придонесуваат за рамноправен развој во сите делови на градот и околината.
]]>
Изградбата на кејот на реката Вардар од десната страна е дел од проектот „Креативни можности во туризмот“ финансиран од средства на Европската Унија, за преку гранична соработка меѓу Грција и Македонија. Тој ги опфаќа градовите Велес и Лерин и со него треба да се развива локалната економија.
Градоначалникот Колев најави дека ќе се прават напори во текот на годинава да се изградат уште дополнителни 250 метри од кејот.
]]>