situs android4d situs android4d situs android4d situs android4d situs android4d situs android4d birtoto link-birtoto link-alternatif-birtoto birtoto-login birtoto-link-alternatif situs-birtoto birtoto-masuk login-birtoto birtoto-daftar daftar-birtoto login bir123 link-bir123 link-alternatif-bir123 bir123-login bir123-link-alternatif masuk-bir123 situs-bir123 login-bir123 bir123-daftar daftar-bir123 rgm168 link-rgm168 link-alternatif-rgm168 rgm168-login rgm168-link-alternatif situs-rgm168 masuk-rgm168 login-rgm168 rgm168-daftar daftar-rgm168 link-sbs188bet link-alternatif-sbs188bet sbs188bet-login sbs188bet-link-alternatif situs-sbs188bet masuk-sbs188bet login-sbs188bet sbs188bet-daftar daftar-sbs188bet bir365 link-bir365 link-alternatif-bir365 bir365-login bir365-link-alternatif situs-bir365 masuk-bir365 login-bir365 bir365-daftar daftar-bir365 daftar-android4d link-birtoto android4d-maxwin situs-bir123 bir123 sbs188bet link-sbs188bet sbs188bet rgm168 android4d bir365 birtoto bir123 login-bir123 login-rgm168 login-android4d login-bir365 login-birtoto login-sbs188bet slot-gacor slot-gacor slot-gacor slot-gacor slot-gacor Login-bir123 masuk-bir123 Login-bir365 masuk-bir365 Login-birtoto masuk-birtoto Login-rgm168 masuk-rgm168 Login-sbs188bet masuk-sbs188bet Login-android4d masuk-android4d link-alternatif-bir123 link-alternatif-birtoto link-alternatif-android4d link-alternatif-rgm168 link-alternatif-bir365 link-alternatif-sbs188bet robot-pragma amp-android amp-birtoto amp-bir123 amp-sbs188bet amp-rgm168 amp-bir365 birtoto login-birtoto masuk-birtoto link-birtoto birtoto-login birtoto-masuk birtoto-link birtoto-situs birtoto-slot rgm168 Slot-gacor login-rgm168 masuk-rgm168 link-rgm168 rgm168-login rgm168-masuk situs-rgm168 rgm168-situs rgm168-link rgm168-scatter daftar-rgm168 sbs188bet login-sbs188bet masuk-sbs188bet birtoto login-birtoto masuk-birtoto masuk-birtoto birtoto-login birtoto-masuk situs-birtoto birtoto-situs birtoto-slot birtoto-link birtoto rgm168 login-rgm168 masuk-rgm168 link-rgm168 rgm168-login rgm168-masuk situs-rgm168 rgm168-situs rgm168-link rgm168-scatter daftar-rgm168 sbs188bet login-sbs188bet masuk-sbs188bet link-sbs188bet daftar-sbs188bet sbs188bet-login sbs188bet-masuk sbs188bet-daftar link-android4d sbs188bet-link situs-sbs188bet bir365 bir123 login-bir123 masuk-bir123 link-bir123 daftar-bir123 bir123-login bir123-masuk bir123-daftar bir123-link situs-bir123 birtoto login-birtoto masuk-birtoto link-birtoto daftar-birtoto birtoto-login birtoto android4d bir123 Ковид-19 – Општина Велес https://veles.gov.mk Официјален портал на Општина Велес Thu, 08 Jul 2021 12:27:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.5.2 И ПОНАТАМУ ДА СЕ ПОЧИТУВААТ ПРЕПОРАКИТЕ ЗА ЗАШТИТА ОД КОВИД 19, ПОРАЧА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕВСКИ https://veles.gov.mk/pocituvanje-preporaki-kovid-19/ Thu, 08 Jul 2021 12:27:09 +0000 https://veles.gov.mk/?p=39431 Нема потреба од дигање на паника и вознемиреност, и порача на јавноста Градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција , откако вчера излезе информацијата за граѓанин на Велес заразен со Делта сојот на Ковид 19. Тој објасни дека пациентот е во добра здравствена состојба и дека по враќањето од Англија не бил во контакт со други лица освен со својата сопруга која засега не покажувала никакви симптоми на вирусот.

„Во болницата е хоспитализиран во карантин, во посебно одделение за да нема контакт со другите пациенти, се наоѓа во добра здравствена состојба“, додаде Коцевски.

Коцевски им порача на граѓанките и граѓаните на Велес да не заборават и понатаму да ги почитуваат препораките од Комисијата за заштита од заразни болести,  и ги повика да ја искористат можноста сите оние што досега не се вакцинирале, да се вакцинираат во пунктот во Велес. Од денес тоа можат да го направат без да се пријавуваат на сајтот вакцинација.мк туку директно со одење во пунктот. Во пунктот моментално на располагање е вакцината Синовак за прва доза и Фајзер за втора доза.

„Единствен начин да не ни се случи пак голем бран наесен што поголем број од нас да се вакцинираат. Вакцината не значи дека ако дојдеме во контакт со заразен нема да се заразиме туку дека последиците ќе бидат минимални и да ги избегнеме најтешките последици по нашиот живот“, порача Коцевски.

Во пунктот за вакцинација досега се аплицирани вкупно 13.319 вакцини од кои 8.983 граѓани примиле прва доза а со втора доза се вакцинирале 4.336 граѓани на Велес и околните општини.

]]>
Отворен пунктот за масовна вакцинација во Велес https://veles.gov.mk/%d0%be%d1%82%d0%b2%d0%be%d1%80%d0%b5%d0%bd-%d0%bf%d1%83%d0%bd%d0%ba%d1%82%d0%be%d1%82-%d0%b7%d0%b0-%d0%bc%d0%b0%d1%81%d0%be%d0%b2%d0%bd%d0%b0-%d0%b2%d0%b0%d0%ba%d1%86%d0%b8%d0%bd%d0%b0%d1%86%d0%b8/ Tue, 25 May 2021 11:52:50 +0000 https://veles.gov.mk/?p=37201 Почна со работа вакциналниот пункт за масовна имунизација во Велес. Четиристотини граѓани од Велес, Градско и Лозово, кои имаа термини за вакцинација, денеска ја примија првата доза. На првиот ден од отворањето на региналниуот пунк за вакцинација, во спортската сала на ССОУ „Коле Неделковски“, присутен беше и Градоначалникот Коцевски. Тој изрази голема благодарност до општествено одговорните компании кои дадоа свој придонес во подготвувањето на пунктот за вакцинација.
„Денес е значаен ден за Велес затоа што ништо не е поважно од здравјето на граѓаните. Многу сум среќен затоа што како ретко кога, бизнис заедницата пројави голем интерес и заедно со нив вложивме многу труд, енергија и финансиски средства да го опремиме пунктот и сметам дека е еден од најдобрите во земјава. Сакам да упатам јавна порака до Министерот за здравство Венко Филипче, Владата и сите институции вклучени во овој процес, да се избориме сите оние граѓани што ја примиле првата доза на вакцина во Кавадарци, да се ревакцинираат во овој пункт“, истакна Коцевски.
Директорот на Јавната здравствена установа Никола Димовски рече дека се прават напори граѓаните на Велес кои се вакцинирале со првата доза во Кавадарци, втората доза да ја примат во пунктот во Велес.
„Засега не можам да кажам дали граѓаните кои се вакцинираа во Кавадарци ќе можат да се ревакцинираат тука. Ние правиме напори со Министерството за здравство, да овозможиме граѓаните да се ревакцинираат тука“, рече Димовски.
Во пресрет на граѓаните денеска им излегоа, волонтерите на ОО на Црвен Крст, претставници на армијата и полицијата. Од утре се очекува да се зголеми бројот на граѓани кои ќе се вакцинираат во пунктот за масовна вакцинација. Освен вакцините на Астра Зенека, треба да пристигнат и вакцини на Синофарм.
Инаку, граѓаните кои се вакцинираа во Здравствен дом Велес, од утре ќе се ревакцинираат во истата здравствена институција.
]]>
ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС ЌЕ СЕ ОТВОРА ПУНКТ ЗА МАСОВНА ВАКЦИНАЦИЈА, НАЈАВИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕВСКИ https://veles.gov.mk/%d0%b2%d0%be-%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bd%d0%b0-%d0%b2%d0%b5%d0%bb%d0%b5%d1%81-%d1%9c%d0%b5-%d1%81%d0%b5-%d0%be%d1%82%d0%b2%d0%be%d1%80%d0%b0-%d0%bf%d1%83%d0%bd%d0%ba%d1%82-%d0%b7%d0%b0-%d0%bc/ Wed, 12 May 2021 11:44:20 +0000 https://veles.gov.mk/?p=37102 На денешната прес конференција Градоначалникот Коцевски најави дека во Велес ќе се отвора пункт за масовна вакцинација против Ковид-19.  Пунктот ќе биде сместен во спортската сала на ССОУ „Коле Неделковски“. Имунизацијата на граѓаните ќе започне на 25  овој месец. Во вакциналниот пункт ќе имаат можност да се вакцинираат граѓаните на Велес но и на општините Свети Николе, Градско, Чашка и Лозово. Имунизацијата ќе се спроведува во 15 паравани и еден параван за итна медицинска помош, а за вакцинацијата ќе бидат задолжени осум доктори и 30 медицински сестри од ЈЗУ Здравствен дом Велес.

Во опремувањето на вакциналниот пункт, покрај Општина Велес, ќе учествува и бизнис заедницата. На денешната средба што ја остварија со градоначалникот изјавија дека безрезервно ја поддржуваат иницијативата за отворање на пункт за масовна вакцинација. Во подготовката и опремувањето на пунктот, дел од нив ќе се вклучат со опрема, дел со финансиски средства и волонтери.

„Исклучително сум задоволен од претставниците на бизнис заедницата од нивниот однос на нашата покана и на поканата на државата, односно министерството за здравство да се вклучат со помош и поддршка за отворање на вакциналниот пункт во Велес. Јас сум исклучително среќен заради тоа, велешани уште еднаш ја покажуваат својата општествена одговорност и подготвеност да помогнат тогаш кога е најтешко иако  тие и досега многу помогаа на јавните здравствени установи особено изминатата година кога се справувавме со последиците од пандемијата“, рече Коцевски.

Вакцините ќе ги обезбеди министерството за здравство а покрај здравствените работници кои ќе бидат вклучени во имунизацијата на граѓаните, помош и поддршка ќе дадат и волонтерите од О.О. на Црвен крст. Градоначалникот Коцевски ги повика граѓаните без размислување да се вакцинираат, затоа што само така ќе го заштитат сопственото и јавното здравје.

„Јас ја исполнив мојата граѓанска должност, се вакцинирав вчера во Кавадарци, на закажаниот термин, и ја користам оваа прилика да ги повикам граѓанките и граѓаните на Велес и од  другите општини да се вакцинираат без размислување и двоумење, затоа што само така ќе ја надминеме оваа криза и конечно ќе можеме да се вратиме во нормалниот живот“, рече Коцевски.

Се очекува вакциналниот пункт да биде подготвен за имунизација до 20-ти мај кога ќе се направат и првите пробни вакцинирања против Ковид-19.

]]>
ЕПИДЕМИОЛОШКАТА СОСТОЈБА ВО ВЕЛЕС Е СТАБИЛНА https://veles.gov.mk/%d0%b5%d0%bf%d0%b8%d0%b4%d0%b5%d0%bc%d0%b8%d0%be%d0%bb%d0%be%d1%88%d0%ba%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d1%81%d0%be%d1%81%d1%82%d0%be%d1%98%d0%b1%d0%b0-%d0%b2%d0%be-%d0%b2%d0%b5%d0%bb%d0%b5%d1%81-%d0%b5-%d1%81/ Fri, 29 Jan 2021 11:52:58 +0000 https://veles.gov.mk/?p=26585 Ситуацијата со Ковид -19 во Велес е стабилна, но сѐ уште нема простор за опуштање, препораките за заштита да се почитуваат и да се издржи уште месец до два со кризата. Ваква оценка денеска беше изнесена на триесет и втората седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување. Кластери нема, но има зголемување на бројот на заразени во последните неколку денови. Причина за тоа се младите кои се собираат во кафетериите.  На инфективното одделение во велешката болница моментално се хоспитализирани 18 пациенти  од кои 16 се потврдени позитивни. Седуммина од нив се на кислородна поддршка.

„Бројот на лежечки пациенти се намалува и затоа одделението за физикална терапија кое функционираше како ковид центар е затворено моментално, додека одделот „Б“ на интерното одделение сѐ уште прима пациенти позитивни на корона и таму моментално се лекуваат 4 пациенти, двајца потврдени позитивни и двајца непотврдени, информираше Градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција.

Од почетокот на пандемијата до сега во Велес се регистрирани 3056 позитивни на Ковид – 19. Од нив 2.692 се оздравени а 262 се сеуште активни. Како последица на Ковид – 19 во градот починаа 102 лица.

Градоначалникот Коцевски истакна дека интензивно се работи на модуларната болница која во најскоро време треба да биде готова и комплетно подготвена да ги прима пациентите. Тој рече дека велешката болница инвестира  во набавка на нови апарати кои во голема мера ќе ги подобрат здравствените услуги.

Инаку состојбата со Ковид -19 во јавните институции, училиштата и градинката е стабилна. Нема значителен број на заразени. Како стабилна е оценета и состојбата со вработените во јавните здравствени установи во градот.

]]>
Сериозна и критична епидемиолошка состојба во Велес https://veles.gov.mk/%d1%81%d0%b5%d1%80%d0%b8%d0%be%d0%b7%d0%bd%d0%b0-%d0%b8-%d0%ba%d1%80%d0%b8%d1%82%d0%b8%d1%87%d0%bd%d0%b0-%d0%b5%d0%bf%d0%b8%d0%b4%d0%b5%d0%bc%d0%b8%d0%be%d0%bb%d0%be%d1%88%d0%ba%d0%b0-%d1%81%d0%be/ Fri, 20 Nov 2020 13:29:52 +0000 https://veles.gov.mk/?p=21821 Општинскиот штаб за заштита и спасување констатираше дека епидемиолошката состојба во Велес е сериозна и крајно критична иако постепено состојбата се смирува доколку се прават споредби  со состојбите од пред десетина дена,  соопшти денеска на  прес –конференција градоначалникот Аце Коцевски.

Штабот им препорача на претпријатијата, таму каде што има кластери да се прават паузи за да се проветруваат просториите, особено на места со поголем број вработени. Од денешната седница произлезе и препорака за заштита на таксистите во возилата кои без да се пријават ги користат и лица инфицирани или сомнителни  на вирусот.

Како што рече Коцевски, доста се доцни со анкетите во Центарот за јавно здравје поради што има големи разлики во податоците што доаѓаат од Центарот и од МВР за точната бројка на позитивни и лица во изолација. Во Велешката болница вкупно се хоспитализирани 76 пациенти, од кои во најголем број на инфективното одделение 63. Од нив 56 се позитивни, 3-ца се негативни и 4-ца непотврдени. 32 пациенти се на кислородна поддршка. Во Велес има 4-ца нови починати пациенти. Сите четворица биле позитивни на вирусот и сите се од подрачјето на Општина Велес.

Во велешката болница 30 вработени се позитивни а 12 се во изолација. Во Општина Велес позитивни се 5 вработени, а 7  се во изолација. Во ТППЕ тројца се во изолација, а во ЈКП „Дервен“ 13 вработени кои се позитивни и 9 во изолација.

Како што рече Коцевски, во болницата доаѓаат се повеќе пациенти во потешка состојба. Истите не ги примаат во Скопје и мора да бидат третирани во нашата болница.

МВР врши контрола на 384 позитивни лица и на 108 лица во изолација. Издадени се 292 прекршочни налози за неносење маска, најчесто кај возачи и патници во возила.

Во овој момент, најголем проблем за болницата е обезбедувањето на кислорот, но засега менаџментот успешно се справува. Штабот за заштита и спасување ќе обезбеди техничка помош за ракувањето со кислородните боци.

Мора да останеме максиално одговорни, порача градоначалникот Коцевски на прес- конференцијата.

]]>
ЕПИДЕМИОЛОШКА СОСТОЈБА ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС https://veles.gov.mk/%d0%b5%d0%bf%d0%b8%d0%b4%d0%b5%d0%bc%d0%b8%d0%be%d0%bb%d0%be%d1%88%d0%ba%d0%b0-%d1%81%d0%be%d1%81%d1%82%d0%be%d1%98%d0%b1%d0%b0-%d0%b2%d0%be-%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bd%d0%b0-%d0%b2%d0%b5/ Fri, 06 Nov 2020 13:36:33 +0000 https://veles.gov.mk/?p=19485 Состојбата со Ковид–19 во Општина Велес е аларманта, нема простор за опуштање, но според епидемиолозите се очекува во наредниот период да се намалува бројот на инфицирани граѓани, рече на денешната прес конференција градоначалникот Аце Коцевски. Вкупната бројка на пациенти сместени на инфективното одделение и на дел од интерното во болницата, е 69, од кои 53 се позитивни а другите се уште не се потврдени. Утрово биле регистрирани 12 оздравени граѓани на Велес.

„Според она што денеска беше изнесено на седницата на Штабот за заштита и спасување, во општата болница во Велес, состојбата е крајно сериозна, на инфективното одделение има само уште два слободни кревети, а во функција е ставено и дел од интерното одделение каде се сместуваат пациентите со полесна клиничка слика. Интензивно се подготвува и одделението за физикална терапија која деновиве ќе биде уште еден Ковид центар“, рече градоначалникот Коцевски.

На денешната прес конференција тој истакна дека Општина Велес ќе испрати барање до Генералштабот на АРМ со цел да се стават на располагање дел од вработените на АРМ за потребите на болницата. Тие ќе бидат ангажирани  за транспорт на кислородните концентратори и на влезот и излезот на болницата без да имаат каков било контакт со пациентите.

Матичните лекари бараат под итно да се отвори тријажен центар за пациентите со симптоми на Ковид, за да се намали притисокот врз нив. Ќе се бара соодветен простор во кој ќе има лабораторија и рентген каде пациентите првично ќе добијат здравствена услуга.

Градоначалникот Коцевски информираше дека поради топлото време деновиве кое ќе ги изнесе граѓаните надвор, ќе се дезинфицираат летниковците и патеките на Езеро Младост. Тој сепак упати апел до граѓаните, да се придржуваат кон предвидените мерки за заштита.

Инаку во ОЈУ Детска градинка „Димче Мирчев“, Ученичкиот интернат „Лазар Лазаревски“, основните и средните училишта има седум ученици позитивни, 93 се во изолација, 10 наставници се позитивни, а 20 во изолација.

]]>
СОСТОЈБА СО КОВИД-19 ВО ЈАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ https://veles.gov.mk/%d1%81%d0%be%d1%81%d1%82%d0%be%d1%98%d0%b1%d0%b0-%d1%81%d0%be-%d0%ba%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%b4-19-%d0%b2%d0%be-%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%bd%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%b8%d0%bd%d1%81%d1%82%d0%b8%d1%82%d1%83%d1%86/ Fri, 30 Oct 2020 13:46:01 +0000 https://veles.gov.mk/?p=19407 На денешната прес конференција , градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски ја извести јавноста дека три ученика од основните и средни училишта во Општина Велес се позитивни на Корона вирус, а осумдесет и четири ученици деца од Детската градинка се во изолација. Во Детската градинка „Димче Мирчев“, регистрирани се три воспитувачки и негувателки позитивни на вирусот. Нема позитивни наставници, но 12 се во изолација.  Во изолација се и директорите на ООУ „Блаже Конески“ и ССОУ „Димитрија Чуповски“.

Во Општина Велес, двајца службеници се позитивни на Ковид–19 и неколку во изолација и самоизолација.

Во ЈКП „Дервен“, како позитивни, моментално се водат пет вработени. Четворица се на домашно лекување, еден е сместен на Инфективното одделение во Општата болница, а се во изолација.

Во МВР-СВР Велес дијагностицирани се пет службеници позитивни на Корона вирусот. Тие се лекуваат во домашни услови.  Досега СВР Велес издаде 353 прекршочни налози за неносење маска или друга заштитна опрема.

]]>
АЛАРМАТНА СОСТОЈБАТА СО КОВИД-19 ВО ВЕЛЕС https://veles.gov.mk/%d0%b0%d0%bb%d0%b0%d1%80%d0%bc%d0%b0%d1%82%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d0%be%d1%81%d1%82%d0%be%d1%98%d0%b1%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d1%81%d0%be-%d0%ba%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%b4-19-%d0%b2%d0%be-%d0%b2%d0%b5%d0%bb%d0%b5/ Fri, 30 Oct 2020 12:53:00 +0000 https://veles.gov.mk/?p=19399 Од ден во ден, бројот на заболени од Ковид-19 во Општина Велес драстично се зголемува. Досега се дијагностицирани шестотини триесет и седум граѓани  заразени со Корона вирус. Од нив 259 се активни и најголем дел се на домашно лекување.

Сосотојабата со пандемијата во Општина Велес, градоначалникот Аце Коцевски ја оцени како крајно аларманта по вчерашната бројка на новозаразени од 53 граѓани и по излагањето на членовите на Општинскиот штаб за заштита и спасување.

На денешната прес конференција, посветена на епидемиолошката состојба во градот  тој информираше дека утрово биле регистрирани шест оздравени пациенти. Моментално во инфективното одделение во Општата болница во Велес се лекуваат 47 сограѓани. Од нив 37 се позитивни на Корона вирус, додека останатите десет се непотврдени, но со симптоми на Ковид-19. Дури четиринаесет од пациентите се на кислородна поддршка.Тројца велешани се лекуваат во приватни клиники, а позитивни на Корона се и две родилки, сместени во Гинеколошко акушерската клиника во Скопје.

Сепак Коцевски, врз основа на податоците добиени од директорот на болницата, соопштени на дваесет и шестата седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување рече дека нема потреба од паника. Здравствените работници прават сè да ја следат состојбата и да одговорат на заболените граѓани.

„Сакам да порачам дека и покрај сè поголемиот број на новозаразени, граѓаните да не паничат. Здравствените работници се подготвени да одговорат на сите заболени граѓани кои ќе побараат помош. Тие ќе бидат уредно примени и соодветно третирани во здравствената институција. Доколку се исполнат капацитетите во Инфективното одделение на болницата, тогаш пациентите ќе се примаат или во физикалното одделение кое е подготвено како Ковид центар, или пак ќе се користат капацитетите на болницата во Јасеново”, рече Коцевски.

На денешната прес конференција Коцевски истакна дека најалармантна е состојбата во компаниите во кои се вработени голем број на работници кои користат јавен превоз да стигнат до работните места.

Во Општтата болница во Велес моментално има седум вработени позитивни на Корона вирусот. Седум се во домашна изолација. Нема здравствени работници распоредени во други клиники низ државата.

Од почетокот на пандемијата до сега, како последица на Корона вирусот, починале вкупно 29 граѓанки и граѓани на Велес.

]]>
ИНСТИТУЦИИТЕ РАБОТАТ СОГЛАСНО ПРЕПОРАЧАНИТЕ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД КОВИД-19 https://veles.gov.mk/%d0%b8%d0%bd%d1%81%d1%82%d0%b8%d1%82%d1%83%d1%86%d0%b8%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d1%80%d0%b0%d0%b1%d0%be%d1%82%d0%b0%d1%82-%d1%81%d0%be%d0%b3%d0%bb%d0%b0%d1%81%d0%bd%d0%be-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%bf%d0%be/ Wed, 21 Oct 2020 11:34:20 +0000 https://veles.gov.mk/?p=19312 Информациите во врска со работењето и преземањето активности на институциите за заштита од Ковид-19, како и заклучоците произлезени од дваесет и шестата седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, на денешната прес конференција ги презентираше градоначалникот Коцевски.

Тој посочи дека во моментот во ЈЗУ Општа болница – Велес има 54 кревети на располагање, но дека капацитетот брзо се пополнува.

Поради актуелната состојба со Ковид-19, вработените во ЈЗУ Здравен дом – Велес имаат зголемен обем на работа и дека институцијата располага со доволен број на заштитни одела и заштитна опрема за вработените.

Матичните лекари се соочуваат со сè поголем наплив на пациенти, при што не можат целосно да ја следат ситуацијата на инфицираните лица со лицата со кои веќе оствариле контакт.

Претставниците од МВР – СВР Велес редовно ги извршуваат работните задачи и во моментот вршат проверка на 215 лица кои се наоѓаат во изолација.

Тековно се извршуваат и работните задачи и во АРМ, Центарот за управување со кризи, како и во Територијалната противпожарна единица.

Просторите пред главните влезови на филијалите на банките се констатирани како ризични локации, па затоа ЈКП „Дервен”, покрај редовното дезинфицирање е задолжено да врши и вонредни дезинфицирања, исто како и на другите јавни простори, парковските површини и детските игралишта. Во ова претпријатие се потврдени четири случаи на лица позитивни на Ковид-19.

Во врска со понатамошното работење и функцинирање на општинската администрација, градоначалникот Коцевски соопшти дека дополнително ќе бидат разгледани и утврдени начините за работа, согласно препораките на Владата. „Едно лице вработено во општинската администрација е позитивно на Ковид-19, едно е со симптоми и уште едно е во изолација”, рече Коцевски.

Во образовните инситуции процесот на едукација се одвива според објавените протоколи од страна на Министерството за образование и наука. „Еден ученик е позитивен на Ковид-19, а во изолација се 22 ученика, од кои две се дечиња од ОЈУДГ ‘Димче Мирчев’. Во изолација се и пет наставници, а еден вработен во техничка служба е позитивен на Ковид-19”, истакна градоначалникот Коцевски.

Воедно, Градоначалникот упати благодарност до сите здравствени работници за личното и професионално вклучување во борбата со пандемијата предизвикана од Коронавирусот.

]]>
СОСТОЈБА СО КОВИД-19 ВО ВЕЛЕС, 21 ОКТОМВРИ 2020 https://veles.gov.mk/%d1%81%d0%be%d1%81%d1%82%d0%be%d1%98%d0%b1%d0%b0-%d1%81%d0%be-%d0%ba%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%b4-19-%d0%b2%d0%be-%d0%b2%d0%b5%d0%bb%d0%b5%d1%81-21-%d0%be%d0%ba%d1%82%d0%be%d0%bc%d0%b2%d1%80%d0%b8-2020/ Wed, 21 Oct 2020 11:13:41 +0000 https://veles.gov.mk/?p=19308 На денешната прес конференција, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски ја пренесе информацијата од дваесет и шестата седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување за епидемиолошката состојба во Велес.

„Алармантна е ситуацијата и вирусот е широко распространет”, изјави Градоначалникот пред медиумите. Како проблем тој го посочи фактот што дел од заразените не можат точно да посочат и утврдат каде се заразиле.

Во Велес вкупниот број на регистрирани од Ковид-19 случаи изнесува 446 заразени, од кои 322 оздравени и 20 починати. Во моментот, 106 лица се водат како активни случаи, од кои 79 се на наоѓаат на домашно лекување, 29 се хоспитализирани на Инфективното одделение во ЈЗУ Општа болница – Велес, двајца се лекуваат во Инфективната клиника во Скопје, двајца во Градската општа болница во Скопје, еден на Клиниката за ОРЛ и тројца во приватни клиники во Скопје.

„Во текот на ноќта, како последица од Ковид-19, во ЈЗУ Општа болница – Велес починаа тројца пациенти, двајца од Велес и еден од Свети Николе. Сериозна е состојбата во велешката болница, каде доаѓаат пациенти со тешки симптоми, а капацитетот се исполнува. Се размислува физикалното одделение да се пренамени за пациенти со Ковид-19”, истакна Коцевски.

До 10:30 часот утрово во Велес се потврдени осум нови случаи на лица заразени со Ковид-19, а тројца се оздравени, додаде тој.

На Инфективното одделение во болницата во Велес хоспитализирани се 35 пациенти, од кои 33 се потврдени позитивни случаи на Ковид-19, двајца се негативни, но имаат потешка клиничка слика. Од нив, 24 се од Велес, шест од Свети Николе, двајца од Градско, двајца од Демир Капија и еден од Неготино.

Градоначалникот ја извести јавноста дека три медицински сестри од Инфективното одделение, еден вработен во анестезиолошката служба и еден работник во ЈЗУ Општа болница – Велес се позитивни на Коронавирусот.

Воедно градоначалникот Коцевски упати апел до жителите на Општина Велес, за почитување на мерките и протоколите за заштита од ширење на Ковид-19.

]]>