Грантот во висина од 12.420 842 денари е доделен од страна на Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка) во рамки на вториот проект за подобрување на општинските услуги.
Дел од средствата на грантот што го доби Општина Велес ќе бидат наменети за набавка на возило за потребите на ЈКП Дервен за одржување на водоводите во руралните средини.
]]>
Реконструкцијата на водоводната линија се реализира со финансиски средства од Министерството за транспорт и врски и улицата е една од деветте во градот на кои ќе се врши реконструкција на водоводните линии со средства од министерството.
Градоначалникот Колев и претседателот на Советот на Општина Велес Зоран Љутков денеска ја посетија улицата на која се врши реконструкција на водоводната мрежа.
Истовремено се гради секундарна линија од фекална канализација, шахти и приклучоци во населеното место Отовица. Средствата предвидени за изградба се во висина од 500.000 денари од буџетот на Општина Велес, а градежните работи ги изведува фирмата Изгрев Инженеринг.
]]>Граѓаните претходно го пријавија својот габаритен отпад во комуналното претпријатие.
Пролетната акција за собирање и транспортирање на габаритниот отпад ќе трае до сабота, 08 мај.
]]>Граѓаните ќе можат да го употребуваат контејнерот на тој начин што ќе ја притиснат ножната педала која ќе го крене поклопецот на контејнерот и без да имаат контакт со делови од него, ќе го складираат комуналниот отпад во подземна вреќа за собирање на отпадот, изработена од водонепропусен полиестер со волумен од 3м3..
Контејнерите од страна на ЈКП „Дервен“ ќе се празнат во утринските часови секој ден. Комуналното претпријатие набави нова хидраулична дигалка заради специфичниот начин на празнење на контејнерот со негово подигнување на потребната висина и празнење на вреќата.
Општина Велес апелира до граѓаните да не паркираат возила пред локациите каде се поставени контејнерите. Контејнерите се исклучиво наменети за комунален отпад и во нив не треба да завршува картонската и ПЕТ амбалажа, градежен шут, жар и пепел од домашни ложишта. За отпадот кој може да се селектира, општината на јавните површини има поставено соодветни садови за овој вид отпад.
Стандардните метални контејнери кои беа поставени на тие локации веќе се отстранети.
Општина Велес планира да продолжи со поставување на ваков вид садови за отпад кој ќе придонесат за почиста животна средина и подобро управување со отпадот.
]]>Се уредуваат дворовите на средните општински училишта, економското „Јовче Тесличков“ и Гимназијата „Кочо Рацин“ и хемиското „Димитрија Чуповски“.
Се изведуваат градежни работи и на Ковид болницата.
„Трго Цемент“ работат на изведба на банкината во Село Раштани. Таму „Делта Пром“ врши изведба на атмосферска канализација.
Се врши крпење на ударни дупки со зафршен слој асфалт. Се продолжува со градежните активности на Еко кампот на Езеро Младост. Се работи и на водоводниот систем во село Раштани.
]]>Се изврши асфалтирање на улицата „Крсте Мисирков” со должина од 160м со вкупна вредност од 1.800.000,00 денари.Извршено е гребење на улиците „Мицко Козар” и „Пратение Зоографски” и во наредните денови се очекува да се изврши асфалтирање на абечкиот слој.
Се продолжи со градежни активност на „Смарт езеро Младост – Прва иновативна туристичка атракција во Македонија”. Се работи на подпроекот „Замок” и подготвителни активности на подпроектот „Брод”. Исто така има активности и на сервисниот блок. Завршени се градежните работи на пробивање и тампонирање на пристапна улица и паркинг до влез на „Еко кампот” со средства на Општина Велес. Вредноста на инвестицијата е 1.100.000,00 денари.
На улицата „Луј Пастер” се изврши реконструкција на водоводната мрежа и се заменија азбест цементни цевки со ПЕ со должина од 400м ф90мм. Се предвидува да се врати во првобитна положба до 5.12.2020. Се изведе водоснабдителната линија кон Речани ф225 со должина од 800м. Вкупната вредност на инвестицијата 2.500.000,00 денари.Во завршна фаза се градежно-монтажните работи на водоснабдување на населено место Отовица од градскиот водоснабдителен систем.
Се работи на бетонирање на дел од улица „Петре Алчев”, а ќе се продолжи со бетонирање на улица „Васил Иљоски” во населба Речани.Во тек се градежни активности за уредување на паркинг простор и пристапна патека на улица „Крсте Мисирков”. Вредноста на инвестицијата е 1.500.000,00 денари.Од страна на економскиот оператор „Павер Трејд” се поплочи тротоарот на улиците „Тодор Јанев” и „Киро Ќучук”.Се заврши со реконструкција на улицата „Петре Милевски”.
Денеска се планира да се изврши асфалтирање на улица во Сателитска населба Езеро Младост на носивиот слој, а следните денови и слојот за абење.Се припрема подлогота за тротоарот на улица „Благој Ѓорев” (се вршат градежни активности за поставување на подземни инсталации и се вршат активности за припрема за садење дрва).
Има градежни активности за реконструкција на дел од тротоарот обложен со травертин во центарот на градот.Завршени се градежните работи за санирање на мермерната облога на кејот на река Вардар.
]]>Општина Велес ја известува јавноста дека ќе се реконструира тротоарот од левата страна на улица „Благој Ѓорев“, на потегот од Театарот до Пошта. Градежните работи ќе започнат денеска. Прво ќе се крши, асфалтот, ќе се товари и транспортира до одредена дестинација, потоа ќе се вадат корења од дрвја за да се подготви површината за тампонирање, валирање и асвалтирање.
Се повикуваат пешаците и возачите, внимателно да се движат по тој дел од улицата како и да ја почитуваат поставената сигнализација. Градежните активности е предвидено да траат 10 денови.
Со почит
Општина Велес
Општина Велес ја известува јавноста дека поради отстранување на дефект на канализациона линија на улица „Љубљанска”, почнувајќи од утре 8 септември 2020 година (вторник) ќе започне со изведување на градежни зафати.
Со цел навремено и квалитетно изведување на градежните работи, Општина Велес упатува апел до граѓаните за разбирање и внимателно управување со моторните возила, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Со почит,
Општина Велес
Неорганизираното зеленило во појасот околу т. н. Прва плажа е целосно отстрането. Поставена е пристапна патека и плажа за пристап на лица со попреченост, а ќе се постави и ограда за безбедно да се стигне до брегот на Езерото. Патеката продолжува и до соблекувалните и просторот за туширање. Од двете страни на патеката се поставија клупи. Донесен е и поставен сепариран песок на плажата, каде се поставени и десет чадори од трска.
За децата комплетно да можат да се забавуваат и уживаат се оформи катче со урбана опрема (лулашки, клацкалки и лизгалка).
За урбано користење на плажата се обезбедија мобилни тоалети, поставени на новоизведениот паркинг простор кои се приспособении за користење од страна на лицата со попреченост.
Денивелацијата помеѓу паркингот и плажата е совладана со бетонски скали со ракофати, а веднаш до нив се поставени две туш кабини и една соблекувална.
За прибирање на водите од туш кабините се изгради попивателен бунар, а на тревнатите површини се постави систем капка по капка кој ќе овозможи да има зелени тревнати површини во поголемиот дел од годината.
„Уредивме површина од вкупно 5.000м2. Од страна на општествено одговорната компанија ‘ПАКОМАК’ добивме донација и поставивме шест контејнери за одложување на стакло, хартија и пластика и десет помали корпи за отпадоци, за што јавно се заблагодарувам и до управителот на фирмата, Филип Ивановски”, изјави градоначалникот Коцевски.
Градоначалникот Коцевски искажа благодарност до директорите на ЈКП „Дервен” и Казнено поправниот дом од Велес, Антонио Јовиќ и Марија Цветковска, до вработените во претпријатието, до затворениците, како и до вработените во општинската администрација кои се вклучија во реализацијата на овој проект
Воедно, тој упати апел до сите посетители на плажата за разумно користење на истата, но и да се грижат за животната средина.
Општина Велес со последната измена на Програмата за уредување на градежно земјиште обезбеди сопствени буџетски средства во износ од 1.000.000,00 денари наменети за уредување на т.н. Прва плажа на езерото „Младост”.