Наградата „Рациново признание“ се доделува за прозни, литературни остварувања на автори од Република Северна Македонија објавени во периодот меѓу две манифестации „Рацинови средби“.
Право на учество на конкурсот имаат сите автори и издавачи кои во периодот од јуни 2023 година до мај 2024 година објавиле прозни дела на македонски автори.
Делата се доставуваат во 3 примероци на адреса: Општина Велес, ул.„Панко Брашнар“ бр.1, 1400 Велес со назнака – За конкурс за доделување на наградата „Рациново признание“ за 2024 година.
Делата треба да се достават на горенаведената адреса најдоцна до 17.05. 2024 година.
]]>
ОБЈАВУВА
Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух за Општина Велес (2023-2027).
Се информира јавноста дека ставен е на увид Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух за Општина Велес (2023-2027).
Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух за Општина Велес (2023-2027) е објавен на веб страната на Општина Велес www.veles.gov.mk почнувајќи од 20.03.2024 год. до 20.04.2024 год.
Сите заинтересирани страни можат да го дадат своето мислење,забелешки и предлози по Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух за Општина Велес (2023-2027) и истите можете да ги испраќате на е-маил: opve@veles.gov.mk или по пошта на следната адреса: Панко Брашнар бр.1, Велес во рок од 30 дена од денот на објавување на оваа информација.
Планот за подобрување на квалитетот на воздух за Општина Велес
]]>– Рационално користење, штедење и заштита на природните ресурси и искористување на сончевата енергија како обновлив извор на енергија,
– Намалување на емисиите во воздухот и на емисиите на стакленички гасови,
– Намалување и ублажување на климатските промени,
– Зголемување на енергетската ефикасност во однос на постоечките постројки во секторот енергетика,
– Намалување на зависноста од увоз на струја,
– Позитивни импулси и ефекти врз целото непосредно опкружување од аспект на повисока организација, инфраструктурна опременост и уреденост на просторот.
– E1.13-површински соларни и фотоволтаични електрани со максимална катност П и максимална висина 7,0м и комплементарна намена на основната намена Е1.8 – Трансформаторска станица, со максимална катност П и максимална висина 7,0м.
4. Против оваа одлука може да се поднесе жалба преку овој орган до Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштита на животна средина и просторно планирање, во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб страната.
на наградата за животно дело „Петре Прличко“ („Сл. гласник на Општина Велес“ бр.3/06, 11/15 и
3/23), а во соработка со НУЦК Театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес, распишува:
К О Н К У Р С
за доделување Актерска награда
за животно дело „Петре Прличко“
ЦЕЛ НА КОНКУРСОТ
Конкурсот се распишува со цел да се прибават предлози на кандидати за доделување
на Актерската награда за животно дело „Петре Прличко“.
ПРАВО НА УЧЕСТВО
На конкурсот предлог за кандидат можат да поднесат физички и правни лица од областа
на драмската уметност како драмски уметници, национални и локални институции и здруженија
на граѓани од областа на драмската уметност од Република Северна Македонија.
Кандидатите треба да се професионални драмски актери државјани на Република
Северна Македонија.
Приоритет на конкурсот имаат драмските актери од средната генерација.
На конкурсот нема да се земаат предвид предлозите со кои кандидатите се предлагаат
самите себе си.
Конкурсот отпочнува на денот на објавувањето, а крајниот рок за доставување на предлози
е 29.02.2024 година, најдоцна до 15:00 часот во Општина Велес, ул.„Панко Брашнар“ бр.1,
1400 Велес, лично или по пошта.
За предлозите испратени по пошта, краен рок е датумот и часот на поштенскиот печат
во гореспоменатиот рок за предавање.
ПРЕДЛОГ
Предлогот за кандидатот на конкурсот треба да содржи:
во областа на драмската уметност и евентуалните награди и признанија;
НАГРАДА
На конкурсот се доделува една награда.
Наградата се состои од плакета со ликот на Петре Прличко и паричен дел.
ИЗБОР
Од пријавените кандидати по конкурсот, изборот на добитникот го врши стручна
комисија од три (3) члена.
Комисијата ќе ги објави резултатите од конкурсот на прес конференција во Општина Велес,
најдоцна 5 (пет) дена по истекот на рокот предвиден за предавање на предлозите по конкурсот.
]]>