]]>
Општина Велес ќе продолжи и во иднина да делува во насока на подобрување на условите за живот на Ромите во заедницата, во сите сфери на општественото живеење.
]]>
Општина Велес им го честита денот на актерите од велешкиот театар „Ј.Х.К.Џинот“ со искрени желби за врвни и неповторливи улоги на театарската сцена, да блеснат во највисоко светло на уметнички израз и да останат доследни и верни на неговото височество-публиката.
Општина Велес останува верен партнер и соработник на театарските работници во сите сегашни и идни проекти кои придонесуваат за културниот развој на градот.
]]>Ве поттикнувам и охрабрувам да останете доследни во својата упорност за рамноправно и балансирано учество во јавниот, општествениот и економскиот живот. Да покажете храброст во надминување на сите препреки кои што ќе ви се најдат на патот и да чекорите напред кон светла иднина. Ви посакувам добро здравје и среќа на личен и професионален план.
За мене овој ден е за препознавање на жените кои лично ги познавам, како и на оние кои ме инспирираат. Ме потсетува на тоа колку далеку сме стигнале како општество и колку големи работи постигнале жените. Но и уште колку пат има пред нас.
Заедно може да ја изградиме еднаквоста. Заедно можеме да ги скршиме предрасудите.
Со почит,
Градоначалник на Општина Велес
Марко Колев
]]>]]>
Во сабота, бадниковата поворка ќе тргне во 10:45 часот од црквата, ќе се движи по улицата „Благој Ѓорев“ до кружниот тек, а потоа ќе се упати кон зградата на Општина Велес, каде градоначалникот Марко Колев ќе ги пречека и ќе им подели божиќни пакетчиња.
]]>Џинот е првиот македонски драмски писател и просветител. Роден е во 1821 година на Прцорек, од левата страна на Вардар. Својата учителска дејност ја започнува во 1838 година со воведување на народен македонски јазик во училиштата. Во исто време, прв воведува современ начин на одржување на наставата со нови предмети преку кои учениците освен со знаење се стекнувале и со трговски и занаетчиски вештини. Освен со учителствување, Џинот се занимава и со пишување учебници, го напишал првиот буквар „Таблица перваја“, пишувал статии за весници во Белград, пишувал литературни творби а собирал и народни умотворби. Во своето училиште работел до крајот на својот живот.
]]>
Од голема историска важност е борбената и револуционерна активност на Димко Митрев и Илија Капчев, нивниот придонес во борбата за слобода на Македонија. Димко Митрев и Илија Капчев, од партиската организација добиваат задача да извршат диверзантска акција со минирање на железничката линија Атина – Берлин бидејќи имале најголемо искуство за ракување и поставување на експлозивни направи.
На годишнината од нивната смрт Општина Велес се потсети на нивните херојски дела и пожртвуваност за слободна Македонија.
]]>Свети Климент се смета за закрилник и патрон на македонскиот јазик. Основоположник е на македонската црковна и народна духовност, патрон на Македонската православна црква. Покрај црковните и педагошките дејности, особено просветителската, Климент развил и богата книжевна дејност.
Општина Велес им го честита празникот на граѓаните и порачува во духот на нашите просветители да создаваме добри дела и меѓусебно да се почитуваме.
Честит празник Свети Климент Охридски!
]]>