situs android4d situs android4d situs android4d situs android4d situs android4d situs android4d birtoto link-birtoto link-alternatif-birtoto birtoto-login birtoto-link-alternatif situs-birtoto birtoto-masuk login-birtoto birtoto-daftar daftar-birtoto login bir123 link-bir123 link-alternatif-bir123 bir123-login bir123-link-alternatif masuk-bir123 situs-bir123 login-bir123 bir123-daftar daftar-bir123 rgm168 link-rgm168 link-alternatif-rgm168 rgm168-login rgm168-link-alternatif situs-rgm168 masuk-rgm168 login-rgm168 rgm168-daftar daftar-rgm168 link-sbs188bet link-alternatif-sbs188bet sbs188bet-login sbs188bet-link-alternatif situs-sbs188bet masuk-sbs188bet login-sbs188bet sbs188bet-daftar daftar-sbs188bet bir365 link-bir365 link-alternatif-bir365 bir365-login bir365-link-alternatif situs-bir365 masuk-bir365 login-bir365 bir365-daftar daftar-bir365 daftar-android4d link-birtoto android4d-maxwin situs-bir123 bir123 sbs188bet link-sbs188bet sbs188bet rgm168 android4d bir365 birtoto bir123 login-bir123 login-rgm168 login-android4d login-bir365 login-birtoto login-sbs188bet slot-gacor slot-gacor slot-gacor slot-gacor slot-gacor Login-bir123 masuk-bir123 Login-bir365 masuk-bir365 Login-birtoto masuk-birtoto Login-rgm168 masuk-rgm168 Login-sbs188bet masuk-sbs188bet Login-android4d masuk-android4d link-alternatif-bir123 link-alternatif-birtoto link-alternatif-android4d link-alternatif-rgm168 link-alternatif-bir365 link-alternatif-sbs188bet robot-pragma amp-android amp-birtoto amp-bir123 amp-sbs188bet amp-rgm168 amp-bir365 birtoto login-birtoto masuk-birtoto link-birtoto birtoto-login birtoto-masuk birtoto-link birtoto-situs birtoto-slot rgm168 Slot-gacor login-rgm168 masuk-rgm168 link-rgm168 rgm168-login rgm168-masuk situs-rgm168 rgm168-situs rgm168-link rgm168-scatter daftar-rgm168 sbs188bet login-sbs188bet masuk-sbs188bet birtoto login-birtoto masuk-birtoto masuk-birtoto birtoto-login birtoto-masuk situs-birtoto birtoto-situs birtoto-slot birtoto-link birtoto rgm168 login-rgm168 masuk-rgm168 link-rgm168 rgm168-login rgm168-masuk situs-rgm168 rgm168-situs rgm168-link rgm168-scatter daftar-rgm168 sbs188bet login-sbs188bet masuk-sbs188bet link-sbs188bet daftar-sbs188bet sbs188bet-login sbs188bet-masuk sbs188bet-daftar link-android4d sbs188bet-link situs-sbs188bet bir365 bir123 login-bir123 masuk-bir123 link-bir123 daftar-bir123 bir123-login bir123-masuk bir123-daftar bir123-link situs-bir123 birtoto login-birtoto masuk-birtoto link-birtoto daftar-birtoto birtoto-login birtoto android4d bir123 birtoto birtoto-link Прес-конференции – Општина Велес https://veles.gov.mk Официјален портал на Општина Велес Wed, 13 Oct 2021 13:34:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.5.2 ГРАДОНАЧАЛНИКОТ АЦЕ КОЦЕВСКИ СО ОТЧЕТ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД НЕГОВАТА РАБОТА https://veles.gov.mk/kocevski-otcet-mandat-2017-2021/ Wed, 13 Oct 2021 13:34:23 +0000 https://veles.gov.mk/?p=41113 Ми беше голема чест, што во три мандати, вкупно 12,5 години ја извршував функцијата Градоначалник што претставува и голема одговорност. Ви благодарам за довербата, поддршката, за соработката, за разбирањето, за пофалбите но и за критиките без кои не може да се направат добри дела. Вака Градоначалникот Коцевски им се обрати на своите сограѓанки и сограѓани од последната прес конференција од неговиот трет градоначалнички мандат.

„Да се биде Градоначалник на Велес, на градот со посебно место во историјата, просветата и културата на македонскиот народ и држава, не е само голема чест, туку и огромна одговорност. Сакам да ве убедам дека заедно со членовите на Советот и општинската администрација дадовме максимум од можното“, рече Коцевски.

Коцевски ги нагласи условите во кои работеше во неговиот трет мандат, со наследени долгови, во услови на светска пандемија на Ковид 19, мала администрација и недостиг на средства од централно ниво за реализација на капитални проекти.

Тој за јавноста ги презентираше сите најзначајни инфраструктурни проекти реализирани во изминатите четири години и нагласи дека во овој мандат е постигнат историски успех во постоењето на општината со обезбедување на дури 8.775.711 евра, средства од надворешни фондови за реализација на капитални проекти. Исто така средствата за изградба на инфраструктурата се двојно зголемени во однос на 2017 година или од 40.060.457 денари во 2017  до септември годинава пораснаа на 87.213.289  денари.

Коцевски најави и значајна инвестиција за изградба на фотоволтаична централа на површина од 72,6 ха во месноста викана „Ново село“ , инвестиција вредна меѓу 40 и 50 милиони евра во првата фаза и плановите на инвеститорот за изградба на дистрибутивен центар и фабрика за бродски турбини од пет милиони евра во ИЗ Мамутчево, со отворање на нови работни места и забрзан економски развој. Градоначалникот Коцевски ја извести јавноста и за обезбедените средства и подготвена техничка документација за изградба на подземна гаража и плоштад во центарот на Велес, реконструкција на улиците во централното градско подрачје,нова библиотека, атмосферска канализација за град Велес, гасификација и многу други значајни инфраструктурни проекти, како што тој нагласи за дел од овие проекти веќе се обезбедени средства.

„Општина Велес ќе ја оставам со голем углед без долгови со многу започнати проекти кои се мерат во милиони евра што е гаранција дека Велес успешно ќе се развива во следниот мандатен период“, додаде Коцевски.

Отчетот на Градоначалникот Аце Коцевски за сработеното во изминатиот трет мандат како и претходните два мандати, можете да го преземете од следниот линк.

Линк

]]>
МИЛОВАН СТЕФАНОВСКИ ДОБИТНИК НА РАЦИНОВОТО ПРИЗНАНИЕ ЗА 2021 ГОДИНА https://veles.gov.mk/%d0%bc%d0%b8%d0%bb%d0%be%d0%b2%d0%b0%d0%bd-%d1%81%d1%82%d0%b5%d1%84%d0%b0%d0%bd%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%b4%d0%be%d0%b1%d0%be%d1%82%d0%bd%d0%b8%d0%ba-%d0%bd%d0%b0-%d1%80%d0%b0%d1%86%d0%b8/ Wed, 09 Jun 2021 12:29:57 +0000 https://veles.gov.mk/?p=37506 На денешната прес конференција, Градоначалникот Коцевски во својство на претседател на Организацискиот одбор на меѓународната поетска манифестација „Рацинови средби“ ги соопшти одлуките за доделување на Рациновото и Почесното Рациново признание за 2021 година.
Годинава, жири комисијата во состав Христо Петрески (претседател) и членовите Стефан Марковски и Делвина Крлуку, одлучи престижната награда Рациново признание за 2021 година да му се додели на писателот Милован Стефановски за романот „Теорија за кучешка година“.
„Новиот роман „Теорија за кучешка година“е шести по ред роман на авторот кој се определува за исповедна наративна стратегија. Романот е компониран според драмски урнек и поседува проложен, исповеден и завршен дел. Во овој невообичаен по многу нешта роман е сместен еден човечки живот преку врамување на спомените од заедничките и личните судбински нешта“, истакна претседателот на жири комисијата Христо Петрески.
Добитникот на Рациновото признание се заблагодари на жирито и на Општина Велес за наградата и рече дека огромна чест е затоа што наградата ја добива во сериозна конкуренција од 27 книжевни дела, кои пристигнале на конкурсот за Рациново признание.
„Ми претставува особена чест што ја добив оваа голема награда особено поради тоа што е во чест на големиот Кочо Рацин. Коста Апостолов Солев Рацин за припадниците на мојата генерација претставува еден вид книжевна икона која искрено и со голема почит ја примавме ние вљубениците на пишаниот збор“, истакна Милован Стефановски.
Организацискиот одбор во состав Аце Коцевски, претседател и членовите проф. Кристина Николовска, проф. Људмил Спасов. Проф. Гоце Ристовски и проф. Стефани Андреевска, донесе одлука почесното Рациново признание за афирмација и популаризација на македонската литература и култура, надвор од границите на Република Северна Македонија да се додели на Ала Генадјевна Шешкен, руски славист и македонист од Руската Федерација.
„Престижната награда ја добива за нејзината промоција на македонски јазик, книжевност и литаратура како редовен професор на Московскиот Државен Универзитет „Ломоносов“. Ала Шешкен е автор на повеќе од 200 научни трудови од областа на македонсистиката и славистиката објавени во Русија и во други држави. Македонската Академија на науките и уметностите и го додели Меѓународното признание „Блаже Конески“ за посебен придонес во проучување и афирмација на македонската литература и македонскиот јазик“, истакна Коцевски.
Наградите на овогодинешните добитници ќе им бидат врачени на свечена церемонија што ќе се одржи во сабота во театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот“, по повод 58. Рацинови средби, во чија чест ќе се одржи претставата „Петтото годишно време“.
Педесет и осмите Рацинови средби ќе се одржат на 11 и 12 јуни 2021 години на повеќе локации во градот, а главната свеченост ќе се одржи на сцената на театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот“.
Сите настани кои се дел од 58. Рацинови средби ќе бидат одржани според протоколите и мерките за заштита од Ковид-19.
]]>
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕВСКИ СО РЕАКЦИИ ЗА НЕГАТИВНИТЕ КОМЕНТАРИ ЗА ИЗГРАДБАТА НА ПАЗАРОТ https://veles.gov.mk/%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0%be%d0%bd%d0%b0%d1%87%d0%b0%d0%bb%d0%bd%d0%b8%d0%ba%d0%be%d1%82-%d0%ba%d0%be%d1%86%d0%b5%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d1%81%d0%be-%d1%80%d0%b5%d0%b0%d0%ba%d1%86%d0%b8%d0%b8/ Tue, 06 Apr 2021 12:33:29 +0000 https://veles.gov.mk/?p=29414 Почетокот на изградбата на новиот пазар предизвика многу реакции во јавноста. Реакциите се воглавно позитивни затоа што граѓаните со нетрпение очекуваа да започне изградбата на пазарот. Градоначалникот Коцевски е изненаден од коментарите на поранешни и сегашни функционери кои на социјалните мрежи коментирале за доцнењето на изградбата.

„Живееме во демократско време секој има право да го изрази своето мислење но мене ме загрижува фактот што заради недоволната политичка култура, политичката заслепеност и длабоката разделеност на двата табори во нашата земја како да не знаеме, не можеме или не сакаме да се израдуваме на убавите работи кои ќе донесат благодет за сите а не само за тие што се на власт.

Народот вели немаат „ни срам ни перде“, поранешни функционери кои се дрзнаа на социјалните мрежи да критикуваат зошто се доцнело со почетокот на изградбата на пазарот иако вистински виновници што се доцнеше се токму тие“, рече Коцевски.

Градоначалникот Коцевски објасни дека 40-те  милиони денари  општината ги добила од Владата кон крајот на 2019 година.

„Општината не почна со изградба на пазарот во 2020 година поради следниве причини:

-прво затоа што не беше донесен ДУП, моравме да почекаме да заврши постапката за донесување на ДУП а кој се носеше исклучително долго околу десетина години.

-моравме да ја завршиме постапката за да го добиеме земјиштето на кое се наоѓа пазарот на користење од страна на државата преку министерството  за транспорт и врски  и преку владата затоа што претходната власт од за мене неразбирливи причини го одзела корисничкото право од „Дервен“ и и го вратила на Владата на користење и трето за да можеме да си издадеме одобрение за градба и да распишеме тендер за да избереме најповолен изведувач мораше да бидат завршени сите претходни работи“, рече Коцевски.

Тој изрази жалење што претходната власт го злоупотребила пазарот во кампањата во 2017 година кога склучила договор со фирма изведувач со склучен договор од 12 милиони денари само за земјени работи без набавка на ниту еден килограм челик. Општина Велес тогаш го раскинала договорот и не ја продолжила постапката која била незаконска и нелегитимна.

„Тие истите кои учествуваа на камен темелникот на новата театарска зграда во Велес во мај 2008 година во присуство на премиерот и министерката за култура и други министри од Владата кои камен темелникот го поставија на кота 6 метри повисока од вистинските темели само за да направат свеченост во функција на престојните избори, после тоа бесрамно ја ископаа земјата во длабочина од 6 метри и камен темелникот заедно со повелбата која била ставена во шише и опеана од Владиката ја фрлија во депонија за градежен шут. Сега истите тие нас не напаѓаат 7 месеци пред изборите дека ние наводно го злоупотребуваме овој настан за собирање на политилки поиени во пресрет на локалните избори. До тогаш има уште 7 месеци и можат да се направат уште многу работи“, додаде Коцевски.

]]>
ТЕКОВНИ ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС https://veles.gov.mk/%d1%82%d0%b5%d0%ba%d0%be%d0%b2%d0%bd%d0%b8-%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0%b5%d0%b6%d0%bd%d0%b8-%d0%b0%d0%ba%d1%82%d0%b8%d0%b2%d0%bd%d0%be%d1%81%d1%82%d0%b8-%d0%b2%d0%be-%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b8/ Fri, 04 Dec 2020 13:55:57 +0000 https://veles.gov.mk/?p=21891 Во тек се градежни актиности за ископ и одвоз на земјен материјал за припрема на подлогата за ковид Болница. Се подготвува плато со димензии 55 х 21м. Предвидено е да се ископаат и однесат околу 2800 м3 земјен материјал. Градежните работи се во завршна фаза има уште околу 500 м3 за шкарпирање на косините. Се постави водоводна линија ф63 со должина од 35м и 60м ф50. Потребни се уште 40м ф 50 кои ќе се постават во следните денови. Се отпочна со изведба на фекалната канализација ф150мм со должина од 80м. Се проби алтернативен пат и се предвидува истиот да се тампонира. Вредноста на инвестицијата е околу 2.000.000 денари.

Се изврши асфалтирање на улицата „Крсте Мисирков” со должина од 160м со вкупна вредност од 1.800.000,00 денари.Извршено е гребење на улиците „Мицко Козар” и „Пратение Зоографски” и во наредните денови се очекува да се изврши асфалтирање на абечкиот слој.

Се продолжи со градежни активност на „Смарт езеро Младост – Прва иновативна туристичка атракција во Македонија”. Се  работи на подпроекот „Замок” и подготвителни активности на подпроектот „Брод”. Исто така има активности и на сервисниот блок. Завршени се градежните работи на пробивање и тампонирање на пристапна улица и паркинг до влез на „Еко кампот” со средства на Општина Велес. Вредноста на инвестицијата е 1.100.000,00 денари.

На улицата „Луј Пастер” се изврши реконструкција на водоводната мрежа и се заменија азбест цементни цевки со ПЕ со должина од  400м ф90мм. Се предвидува да се врати во првобитна положба до 5.12.2020. Се изведе водоснабдителната линија кон Речани ф225 со должина од 800м. Вкупната вредност на инвестицијата 2.500.000,00 денари.Во завршна фаза се градежно-монтажните работи на водоснабдување на населено место Отовица од градскиот водоснабдителен систем.

Се работи на бетонирање на дел од улица „Петре Алчев”, а ќе се продолжи со бетонирање на улица „Васил Иљоски” во населба Речани.Во тек се градежни активности за уредување на паркинг простор и пристапна патека на улица „Крсте Мисирков”. Вредноста на инвестицијата е 1.500.000,00 денари.Од страна на економскиот оператор „Павер Трејд” се поплочи тротоарот на улиците „Тодор Јанев” и „Киро Ќучук”.Се заврши со реконструкција на улицата „Петре Милевски”.

Денеска се планира да се изврши асфалтирање на улица во Сателитска населба Езеро Младост на носивиот слој, а следните денови и слојот за абење.Се припрема подлогота за тротоарот на улица „Благој Ѓорев” (се вршат градежни активности за поставување на подземни инсталации  и се вршат активности за припрема за садење дрва).

Има градежни активности за реконструкција на дел од  тротоарот обложен со травертин во центарот на градот.Завршени се градежните работи за санирање на мермерната облога на кејот на река Вардар.

]]>
ЕПИДЕМИОЛОШКАТА СОСТОЈБА ВО ГРАДОТ СТИВНУВА https://veles.gov.mk/%d0%b5%d0%bf%d0%b8%d0%b4%d0%b5%d0%bc%d0%b8%d0%be%d0%bb%d0%be%d1%88%d0%ba%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d1%81%d0%be%d1%81%d1%82%d0%be%d1%98%d0%b1%d0%b0-%d0%b2%d0%be-%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0%be%d1%82-%d1%81/ Fri, 04 Dec 2020 13:39:07 +0000 https://veles.gov.mk/?p=21887 Состојбата се смирува но нема простор за опуштање. Ваква оценка денеска беше донесена на триесеттата седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување во Велес. Во општината вкупно  се регистрирани 2127 заболени од Ковид-19 од кои 1297 се оздравени а 761 се активни. Од овие граѓани 691 се позитивни и се на домашно лекување, 63 се лекуваат на инфективното одделение во општа болница Велес, еден на торакална хирургија и шестмина во приватни клиники. Досега како последица на Ковид-19 во Велес починале 69 лица.

„Има промени на дневна основа, но вирусот е распространет широко и затоа не може да се лоцираат кластери со исклучок на семејни и соседски жаришта што се појавија во Горно Оризари, Мелница и Градско. Од податоците што ни се во моментов достапни денес се регистрирани 30 нови оздравени лица“, рече Коцевски на денешната прес конференција.

Притисокот попушта речиси во сите здравствени институции каде се третираат и лекуваат пациенти заразени или сомнителни на Ковид-19. Во болницата моментално има 20 слободни места, а во моментов се завршуваат градежните зафати околу модуларната Ковид болница што ќе биде поставена на хелиодромот над инфективното одделение на велешката болница.

Како горлив проблем кој веќе неколку месеци се провлекува е тријажниот центар кој се уште не е отворен. На него инсистираат матичните лекари а во него би требало да се третираат сите сомнителни пациенти на Ковид-19 без да доаѓаат во контакт со останатите пациенти кои доаѓаат во здравствените амбуланти.

„Се уште нема конкретно решение за тријажниот центар. Се состанале директорите на јавните здравствени институции и матичните лекари но нема решение. Потребно е внимателно да се анализира ситуацијата бидејќи за отворање на таков ценатр се потребни дозволи од министерството за здравство и санитарно-здравствениот инспекторат“, рече Коцевски.

Не е драматична состојбата и во Јавните претпријатија во градот како ниту во образовните институции каде не е многу голем бројот на заразени лица од Корона вирусот.

]]>
ОПАЃА КВАЛИТЕТОТ НА ВОЗДУХ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС https://veles.gov.mk/%d0%be%d0%bf%d0%b0%d1%93%d0%b0-%d0%ba%d0%b2%d0%b0%d0%bb%d0%b8%d1%82%d0%b5%d1%82%d0%be%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d0%b2%d0%be%d0%b7%d0%b4%d1%83%d1%85-%d0%b2%d0%be-%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bd%d0%b0/ Fri, 04 Dec 2020 13:03:58 +0000 https://veles.gov.mk/?p=21883 Со започнувањето на грејната сезона се зголеми и загадувањето на воздухот во градот. Во изминатиот месец, мерната станица за следење на квалитетот на амбиенталниот воздух лоцирана во населба Тунел, измерила изразено високи концентрации на ПМ 10 честички во воздухот во дури 23 денови. Од одделението за заштита на животна средина при Општина Велес, велат дека доминатно е загадувањео од домаќинствата, па сообраќајот но и од индустриските капацитети и останати загадувачи.

Во текот на годинава што изминува , во 88 денови имало надминување на среднодневната концентрација на суспендирани честички што е за 53 денови повеќе од дозволениот број на надминувања во текот на една календарска година. Од друга страна пак, ниту еднаш не  бил надминат прагот на алармирање, а тоа се случува кога во два последователни денови се измерени среднодневни концентрации на ПМ 10 честички поголеми од 200 микрограми на метар кубен. Годинава само четири пати бил надминат прагот на информирање кога биле измерени ПМ 10 честички повисоки од 100 микрограми на метар кубен.

Општина Велес континуирано упатува апел и препораки до граѓаните, рано наутро и доцна навечер да избегнуваат излегување надвор, да ги одложат сите активности на отворено, правилно да се користат печките за дрва, да се користи јавен превоз, повеќе лица да не се возат со едно возило во исто време.

]]>
Градоначалникот Аце Коцевски со одговор на рекациите на граѓаните во врска со зонското паркирање https://veles.gov.mk/gradonachalnikot-ace-kocevski-so-odgovor-na-rekaciite-na-gra%d1%93anite-vo-vrska-so-zonskoto-parkiranje/ Fri, 04 Dec 2020 12:49:17 +0000 https://veles.gov.mk/?p=21875 На денешната прес конференција Градоначалникот Коцевски одговори на бројните реакции на граѓаните на социјалните мрежи во врска со зонското паркирање. Тој рече дека го разбира револтот на граѓаните но кога се прави голема  промена која се одразува на секојдневиот живот и навиките на граѓаните, првите чекори секогаш се сложени и тешки.

„Велес заслужува да биде уреден град, без хаос на тротоарите и јавните површини, град во кој ќе има ред, ќе се зајакне безбедноста на сите учесници во сообраќајот и ќе се намали загадувањето. Во сите градови во светот и во Европа паркирањето во т.н црвена зона секогаш е најскапо. Тоа се мери со степенот на удобност и повластена ситуација.Доколку сакате да се возите со возило и да не одите пеш низ централното градско подрачје треба да платите за таа привилегија.Некои градови и држави одат и дотаму што во интерес на екологијата забрануваат движење на автомобили во црвената зона. Значи, во Велес мора да има ред и со овој значен проект ќе има ред“, рече Коцевски.

Во однос на реакциите за нови паркинзи, Коцевски истакна дека општината континуирано работи на обезбедување на нови паркинг места, но и граѓаните треба да ги променат навиките и да ги паркираат возилата на веќе расположивите паркинзи како што е времениот паркинг кај мостот Гемиџии. Општината работи и на проектот катна гаража, но овој вид проекти се обемни и долготрајни, затоа и општината обезбедува нови простори за времено паркирање како што е времениот паркинг на местото на поранешниот диспанзер.

„Исто така граѓаните треба да знаат дека на улицата „Благој Ѓорев“ не може да се паркираат возила, затоа што тоа е спротивно на Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање. Ова значи дека сегашната ситуација е директно прекршување на овој правилник“, рече Коцевски.

Во однос на утврдените цени, Коцевски истакна  дека тие се утврдени  после сеопфатна анализа и споредба со градовите каде веќе е организирано зонско паркирање  Штип, Битола, Струмица и Кавадарци.

]]>
ЕПИДЕМИОЛОШКА СОСТОЈБА ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС https://veles.gov.mk/%d0%b5%d0%bf%d0%b8%d0%b4%d0%b5%d0%bc%d0%b8%d0%be%d0%bb%d0%be%d1%88%d0%ba%d0%b0-%d1%81%d0%be%d1%81%d1%82%d0%be%d1%98%d0%b1%d0%b0-%d0%b2%d0%be-%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bd%d0%b0-%d0%b2%d0%b5/ Fri, 06 Nov 2020 13:36:33 +0000 https://veles.gov.mk/?p=19485 Состојбата со Ковид–19 во Општина Велес е аларманта, нема простор за опуштање, но според епидемиолозите се очекува во наредниот период да се намалува бројот на инфицирани граѓани, рече на денешната прес конференција градоначалникот Аце Коцевски. Вкупната бројка на пациенти сместени на инфективното одделение и на дел од интерното во болницата, е 69, од кои 53 се позитивни а другите се уште не се потврдени. Утрово биле регистрирани 12 оздравени граѓани на Велес.

„Според она што денеска беше изнесено на седницата на Штабот за заштита и спасување, во општата болница во Велес, состојбата е крајно сериозна, на инфективното одделение има само уште два слободни кревети, а во функција е ставено и дел од интерното одделение каде се сместуваат пациентите со полесна клиничка слика. Интензивно се подготвува и одделението за физикална терапија која деновиве ќе биде уште еден Ковид центар“, рече градоначалникот Коцевски.

На денешната прес конференција тој истакна дека Општина Велес ќе испрати барање до Генералштабот на АРМ со цел да се стават на располагање дел од вработените на АРМ за потребите на болницата. Тие ќе бидат ангажирани  за транспорт на кислородните концентратори и на влезот и излезот на болницата без да имаат каков било контакт со пациентите.

Матичните лекари бараат под итно да се отвори тријажен центар за пациентите со симптоми на Ковид, за да се намали притисокот врз нив. Ќе се бара соодветен простор во кој ќе има лабораторија и рентген каде пациентите првично ќе добијат здравствена услуга.

Градоначалникот Коцевски информираше дека поради топлото време деновиве кое ќе ги изнесе граѓаните надвор, ќе се дезинфицираат летниковците и патеките на Езеро Младост. Тој сепак упати апел до граѓаните, да се придржуваат кон предвидените мерки за заштита.

Инаку во ОЈУ Детска градинка „Димче Мирчев“, Ученичкиот интернат „Лазар Лазаревски“, основните и средните училишта има седум ученици позитивни, 93 се во изолација, 10 наставници се позитивни, а 20 во изолација.

]]>
СОСТОЈБА СО КОВИД-19 ВО ВЕЛЕС, 8 ОКТОМВРИ 2020 https://veles.gov.mk/sostojba-so-kovid-19-vo-veles-8-10-2020/ Thu, 08 Oct 2020 11:14:19 +0000 https://veles.gov.mk/?p=19233 Оценката на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со епидемиолошката состојба во Велес и велешко, како што пренесе градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција од дваесет и петтата седница е дека е од средно висок ризик.

Воедно тој апелираше до жителите на Општина Велес, а посебно до младите сограѓани да ги почитуваат пропишаните мерки за заштита од ширење на Ковид-19.

„Инфицирани од Корона вирусот во Велес и велешко се 352 лица, 296 се оздравени, а 40 се активни случаи”, рече Коцевски.

На домашно лекување се наоѓаат 33 лица, шест се наоѓаат на Инфективното одделение во ЈЗУ Ошта болница, Велес, а едно лице е на Инфективното клиника во  Скопје. Вкупната бројка на мртви лица до денес изнесува 16, изјави пред медиумите градоначалникот Коцевски.

]]>
Состојба со Ковид-19 во Велес, 15 септември 2020 година https://veles.gov.mk/%d1%81%d0%be%d1%81%d1%82%d0%be%d1%98%d0%b1%d0%b0-%d1%81%d0%be-%d0%ba%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%b4-19-%d0%b2%d0%be-%d0%b2%d0%b5%d0%bb%d0%b5%d1%81-15-%d1%81%d0%b5%d0%bf%d1%82%d0%b5%d0%bc%d0%b2%d1%80%d0%b8-2/ Tue, 15 Sep 2020 11:23:34 +0000 https://veles.gov.mk/?p=15938 На денешната прес конференција, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски ја пренесе информацијата од дваесет и четвртата седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со епидемиолошката состојба во Велес и велешко за последниве 24 часа.

Едно лице е позитивно и потврдено од лабораторијата на МАНУ, едно лице кое било на домашно лекување е оздравено и едно лице кое било згрижено на Инфективната клиника во Скопје е починато.

„Вкупната бројка на позитивни случаи во Велес и велешко до денес изнесува 289 лица, од кои 257 оздравени, 17 активни и 15 починати. Од активните случаи, 11 лица се наоѓаат на домашно лекување, а шест на Инфективното одделение во Велес. Со претставниците на ОШЗС заклучивме дека состојбата во Велес и велешко е стабилна, но непредвидлива и нема простор за опуштање”, изјави пред новинарите градоначалникот Коцевски.

]]>