„Овој значаен проект е еден од првите во државата кој овозможува услови за игра и рекреација на децата и младите со попреченост“, рече Коцевски
Проектот насловен „Инклузивен туризам – рекреативни содржини и услуги за еднаков пристап до туристичката атракција Езеро Младост“ е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа, во рамки на Грантова шема за инвестициски проекти во областите на социјална инклузија. Од Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа се обезбедени 8.914.935 денари.
На парцелата која се наоѓа веднаш до екокампот финансиран од ЕУ кој е во финална фаза на изведба до крајот на мај годинава ќе се изгради и опреми инклузивно игралиште со две тактилни патеки и реквизити соодветни за користење од страна на деца и лица со попреченост и од страна на сите посетители од земјата и од странство.
Проектот вклучува и подготовка на регионален план за социјална инклузија како и изработка и поставување на платформа со која лицата со попреченост ќе можат да влезат во водите на езерото Младост под надзор на стручни лица.
]]>„Покрај средствата што ги обезбедивме од Владата во висина од 40 милиони денари, преку програмата за подобрување на Општинските услуги со заем од Светска Банка обезбедивме и дополнителни 46.003120 денари“, рече Коцевски.
Градоначалникот соопшти дека овој проект е изгласан како приоритетен за финансирање и од страна на Советот за развој на Вардарскиот плански регион затоа што пазарот во Велес е значаен за регионалната економија и од него остваруваат егзистенција земјоделци и трговци од целиот регион.
Финансиите преку Центарот за развој на Вардарскиот плански регион ги обезбедува Бирото за регионален развој од каде се очекува поддршка од 15 милиони денари. Со ова се обезбедени потребните над 86 милиони денари за изградба на пазарот.
Коцевски најави старт на изградбата во февруари 2021 година, веднаш по завршувањето на тендерската постапка за избор на фирма –изведувач.
Градежната парцела опфаќа вкупно 4171.93м2 од кои 2218.72 м2 површина наменета за продажба на производи. Новиот пазар опфаќа дуќани, дел под отворена настрешница, паркинг простор, санитарии и магацински простор. Во првата фаза ќе се гради долниот дел од пазарот за да се овозможи негово непречено функционирање во текот на изградбата.
„Сметам дека проектот ќе го врати животот на левиот брег на Велес, дека ќе донесе нова урбана естетика, нова свежина и што е најважно од сé ќе го зајакне економскиот развој во градот и во регионот“, рече Коцевски.
]]>Поради временските неприлики концертот беше откажан од првично утврдениот датум и одржан вечерва согласно пропишаните протоколи и мерки за заштита и превенција од ширење на Коронавирусот.
Програмата на Велешко културно лето 2020 можете да ја погледнете на следниов линк.
]]>Со проектот на ЛРЦП со вкупна вредност од речиси еден милион евра, односно 62 милиони денари, од кои 55,5 милиони денари се грант, а останатите се обезбедени од општината, Езерото Младост станува паметно езеро коешто ќе биде прва иновативна туристичка атракција во земјава.
Градоначалникот Коцевски изјави дека во конципирање на проектот учествуваа сите економски оператори кои се лоцирани покрај крајбрежјето на езерото Младост, хотелите, рестораните, винариите и бродот којшто е лоциран на езерото Младост.
“Очекувам преку овој проект да се создадат многу работни места. Езерото Младост е вештачко, но е така добро склопено во просторот што претставува една целина. Езерото и без тоа е примамливо за туристи како од земјата така и од странство. Посебно ми е важно да ги привлечеме странските туристи кои во текот на годината одат во Грција и на север кон Србија. Се надевам дека ќе успееме во тоа. Проектот содржи 18 потпроекти. Дел од нив се веќе завршени, а останатите ќе се завршат во наредниот период. Во наредниот период останува да се набават смарт елементите и со тоа мислам дека ќе дадеме еден добар пример на останатите оштини во земјата во кој правец треба да се развиват општините и градовите. На крај би сакал да се заблагодарам во име на граѓаните на Велес на Владата и на Европската унија за поддршката за финансирање на овој проект”, рече Коцевски.
„Преку оваа програма за поддршка на компетитивноста и економскиот локален развој навистина имаме можност да видиме дека со инвестиции преку локалната самоуправа и со поддршка од ваков тип на проекти создаваме атрактивни локации коишто секако ќе бидат посетени од домашни посетители, но и од странски посетители. Со воведувањето на овие паметни елементи во опркужувањето на езерото како што е менаџирање со паркингот, детско игралиште, велосипеди коишто исто така се управуваат преку одредени паметни модели сметам дека се олеснува на општините менаџирањето со ваков тип на туристички локации коишто се многу значајни. Значајноста нивна не е само заради тоа што тие стануваат актрактивни и ќе бидат посетени од повеќе посетители туку директно влијаат и на економскиот развој но со тоа директно влијаат и на регионалниот развој којшто е за нас како влада навистина значаен. Огромна благодарност до Европската Унија и делегацијата во нашата држава коишто дадоа огромна поддршка да овој проект и оваа програма да се развива и имплементира во нашата држава и секако на Светска Банка којашто е партнер за имплементација”, рече Царовска.
Министерот Манчевски истакна дека ова е извонреден пример како дигитализацијата, како интернетот на нештата може да се примени и во рурални средини и во туристички места, секаде онаму кадешто може да ги користиме придобивките од дигитализацијата. Дел од овој проект се и елементи на паметно езеро, како што нè извести градоначалникот и имплементаторите на проекти тука ќе има паметни велосипеди, паметни клупи, паметен паркинг. Сето ова ќе им овозможи на граѓаните многу полесен начин да ги користат бенефитите на оваа туристичка атракција”, рече Манчевски.
Преставникот од ЕУ, Бертолини истакна дека Европската Унија константно го помага регионалниот развој.
“Вашата земјата започна преговори со Европската Унија. На земјата и е потребна поддршка за развој, да им се даде работа на бизнисите како и да се овозможи вработување на луѓето. Овој проект е дел од многу интересна програма којашто овозможува многу проекти во целиот регион и е воедно директен одговор на последиците од кризата од пандемијата затоа што само со инвестиции и со кредибилитет државата ќе продолжи понатаму. Туристичкиот сектор кој беше најмногу погоден од кризата може да смета на нашата поддршка”, рече Бертолини.
]]>„Овој проект го договаравме со градоначалникот Коцевски претходно и денес на наше обострано задоволство присутни сме на неговата реализција. Како министерство се заложивме и работиме на изградба на канализации и водоводи во места каде за жал сè уште не постојат, а граѓаните и општините се снаоѓаат барем да обезбедат доволно услови за живеење. Впрочем, тоа е наша должност, на локалната и централната власт”, изјави за медиумите министерот Сугарески.
„Оваа значајна инвестиција е од витално значење од која бенефит ќе имаат околу 1 500 жители на населените места Раштани и Бузалково, а се реализира со средства добиени преку Министерство за транспорт и врски, односно преку проектот ‘Водоснабдување и одведување на отпадни води’, преку Европската инвестициона банка”, истакна градоначалникот Коцевски.
Вкупната должина на цефководот изнесува 10 094 метри, износот за реализација е 30.090.909, 00 денари (без вклучен ДДВ), додека пак рокот за изведба е осум календарски месеци.
Воедно, министерот Сугарески потенцираше дека комуналните услови во градот значително се подобруваат бидејќи во меѓувреме активно се работи на реконструкција на водоводи и канализации на 12 улици во Велес и дека преку Министерството за транспорт и врски за Општина Велес се обезбедени 1,2 милиони евра за санација и реконструкција на локални патишта и улици.
]]>Денеска во седиштето на Владата, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски и Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, потпишаа Меморандум за разбирање. Со ова и официјално Велес се вклучи во проектот кој ќе се реализира на подрачјето на општината и ќе овозможи подобра патна инфраструктура за граѓаните.
Општината заедно со граѓаните ќе ги избере приоритетите за подобрување на локалните патишта и зајакнување на безбедноста на патиштата. За успешно спроведување на проектот предвидени се обуки за стручните службеници во општините, како и користење на нови алатки за следење на состојбите на локалните патишта. Општина Велес веќе работи на предлог-листа на локални патишта кои се приоритет за рехабилитација со цел да се подобри животот и мобилноста на граѓаните во градот и во населените места.
]]>