Делегација на Општина Велес составена од тројца советници и заменик градоначалникот Коста Нојков беше дел од одбележувањето на 85 годишнината од објавувањето на стихозбирката ,,Бели мугри,, од безвремениот Коста Солев Рацин, во Самобор, Хрватска. Тие ја посетија печатницата каде е испечатено ова значајно литературно дело на современата македонска поезија. Општинската делегација присуствуваше и на концерт на музичките уметници Нинослав Димов на саксофон и Маја Попови ќ на пијано, на покана на директорката на Македонскиот културно информативен центар во Загреб, Мими Ѓоргоска, поддржан од министерството за култура и туризам.