КОНТАКТ ИНФО

Адреса:
ул. Алексо Демниевски бр.11, 1400 Велес
Работно време:
Понеделник – Петок: 08:00 – 20:00 часот
Телефон (централа):
043 212 032; 043 222 032
Телефон (факс):

Е-пошта
contact@bibliotekaveles.org.mk
Веб страна
www.bibliotekaveles.org.mk


ЛОКАЛНА БИБЛИОТЕКА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“

Локалната библиотека „Гоце Делчев“ е културна институција која претставува центар на културното живеење во Велес. Со своите постојани активност во врска со промоцијата на книгата и културата воопшто, библиотеката се наметна како двигател на културата во градот.
Библиотеката моментно брои околу 3500 членови и располага со книжен фонд од над 110 000 книги.
Зачленувањето во самата библиотека е едноставно и брзо, а годишната чланарина во самата библиотека чини само 150,00 денари.
Библиотеката располага со квалитетни изданија и редовно го следи светскиот читателски тренд, набавуајќи ги за своите читатели најактуелните книги достапни на македонскиот пазар.
Библиотеката „Гоце Делчев“ исто така поседува и дел од преводите на Владата на Република Македонија на стручна и научна литература, како и на преводите од писатели – нобеловци.

МИСИЈА
Термините на нашата мисија се јасно зацртани во оваа програма и во нашите желби Библиотеката да ја издигнеме на едно ново повисоко ниво, ниво кое ќе претставува една високо поставена пречка која сите идни раководители на оваа институција ќе мораат да ја прескокнат, а потоа да ја постават на една нова висина.
Воспоставувањето на нови конекции со граѓаните, со оние за кои постоиме, како и оживувањето на нивната изгубена доверба во нас, се само фрагменти од она што може да се нарече наша комплетна мисија. Но ако мора да се сублимира целосното значење во само една реченица, тогаш тоа недвосмислено би било реизградувањето на Библиотеката во целиот нејзин сјај и атрактивност, максимално искористување на сите нејзини ресурси и ставање на истите во корист на граѓаните, активно вклучување во секоја пора, секоја сфера на културното живеење на градот, зашто впрочем таму и и’ е местото на една модерна, современа и дигитализирана Библиотека.
Како модел и како пример за степенот на издигнатост на културниот живот во градот, не можеме очекуваме останатите аспекти драстично да се разликуваат ако Библиотеката се најде запуштена и запоставена. Токму затоа, наша цел е преку Библиотеката да извршиме културно ревитализирање не само на една институција, туку буквално на целиот град.

ВИЗИЈА
Библиотеката мора да го отсликува степенот на културната свесност на граѓаните. Токму затоа нашата визија за она што сакаме да го изградиме е Библиотека која ќе биде пријатно катче за секој граќанин. Топол амбиент и пријателски лица се предусловите за успешно напредување и надградување на сите следни сегменти кои значат унапредување на работата на Библиотеката.
Сакаме да создадеме Библиотека која ќе биде инволвирана во 21-от и која ќе ги користи сеите расположливи ресурси на новот време.
Компјутерската технологија да стане главен двигател во пребарувањето на книжен материјал, а пак интернет поврзаноста како и целосната имплементираност во COBISS системот да биде придобивка повеќе на сите корисници.
Сакаме да ги вратиме изгубените читатели кои како да подзаборавија на библиотеката, факт кој веројатно се должи на застареноста и неатрактивноста на насловите кои се афирмирани во моменталниот книжен фонд на Библиотеката.
Сакаме да ги следиме светските трендови и да изградиме модерна Библиотека која ќе ги овозможува истите услови како и секоја друга слична европска или светска институција. Не можеме да градиме европско општество, ако на граѓаните прво не им овозможиме да ја почувствуваат и да ја живеат европската култура. Имаме знаење за тоа, имаме искуство за тоа и имаме тим за тоа.

УЛОГА
Библиотечното функционирање на Матичната Библиотека „Гоце Делчев“ е еден од најважните сегменти за квалитетно културно егзистирање на граѓаните на Општина Велес. Библиотеката со своите книжевни, но и организаторски ресурси е јадро кое овозможува акумулирање на голем број граѓани кои имаат потреба од активен културен живот. На тој начин, таа одигрува водечка улога во креирањето но и задоволувањето на културните стандарди на граѓаните на Општина Велес.
Токму поради таа нејзина клучна улога, од фундаментално значење е создавање на раководен тим, со искуство во културното живеење на градот, но и со книжевно знаење и искуство, кој ќе биде во можност да ги усети, да ди препознае и да помогне во остварувањето на културните потреби на граѓаните. Раководниот кадар мора да одговори, со најголема сериозност, на потребите на културното живеење и со тоа да се етаблира себеси како клучен фактор за успешното работење на самата Библиотека.
Акумулираното искуство, како од областа на книжевната наобразба, така и од областа на книжевното творење, секако ќе одигра важна улога во остварувањето на примарната цел – издигнување на библиотеката на едно ново ниво – мултифункционална библиотека, лидер во регионот, која ќе игра клучна улога во културниот живот во градот.

ДЕЈНОСТ И СТРУКТУРА
Локалната Библиотека „Гоце Делчев“ е правно лице, локална установа од областа на културата со непрофитна цел, со права, одговорности, овластувања и обврски кои ги има врз основа на Законот и на статутот. Во работењето со трети лица, Библиотеката истапува во свое име и за своја сметка и ги има истите овластувања во правниот промет со трети лица.
Целосното име на библиотеката е Локална библиотека „Гоце Делчев“, а седиштето е на ул. „Алексо Демниевски“, бр.11, во Велес.
Основната дејност на библиотеката е:
– набавување, истражување, собирање, стручно обработување и проучување, заштитување, чување, објавување, информирање, презентирање и давање на користење библиотечен материјал.
– промовирање и афирмирање на библиотечниот материјал, движното културно наследство, преку изложби, предавања, литературни читања, семинари и курсеви, прикажувања на филмови и други форми на дејствување.
– обезбедување услови за користење и научно и стручно проучување на библиотечниот фонд.
– издавање на стручни публикации, каталози, водичи и друг информативен материјал.
– водење влезна евиденција, инвентарна книга, основен каталог и друг вид евиденција и документација.
– подготвување на библиотечни каталози, база на податоци, картотеки и одржување на истите.
– стручна обработка и чување на роднокрајниот библиотечен материјал од локално значење
– вршење на библиографско-информациска и документациска дејност
– следење на состојбите и нудење стручна помош на училишните и други библиотеки.
– стручно усовршување на библиотечните кадри
– позајмување и размена на библиотечен материјал со други библиотеки
– грижа за правилна примена на техничко-заштитните мерки за чување и одржување на библиотечен материјал
– маркетиншко афирмирање на библиотечното работење
– учество во одржувањето на националната заемна библиографска база на централните каталози и бази на податоци
– задоволување на културните потреби на пошироката јавност
– придонес за унапредување на стручната и научно-истражувачката работа, за развојот на образованието, културата, науката и други дејности.
– развивање на интерактивна комуникација со корисниците заради користење и популаризација на публикациите и другиот информативен материјал.
– вршење и други услуги со достап на информации во електронска форма
– вршење издавачка дејност, печатење и услужни активности
– вршење и други активности од областа на библиотечната дејност соглсно со законот.



ГОДИШНА ПРОГРАМА

Годишна програма за работата на Локална библиотека „Гоце Делчев“ за 2019 година Превземи документ


ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ

Годишен извештај за работата на Локална библиотека „Гоце Делчев“ за 2018 година Превземи документ


ГОДИШЕН ФИНАНСОВ ИЗВЕШТАЈ И ЗАВРШНА СМЕТКА

Годишен извештај за работата и завршна сметка на Локална библиотека „Гоце Делчев“ за 2019 година Превземи документ