More

15/09/2019

Езеро Младост

Оваа година на 15-ти септември ќе се оддржи 6- тиот “ВЕЛЕШКИ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН” кој за ПРВ ПАТ ќе биде од меѓународен карактер 🌏.
Истиот е посветен на д-р Милчо Трајков поранешен претседател на Црвениот крст и голем поддржувач на овој спортски настан.
Пливањето е по претходно обележана патека и изнесува 2,5 километри.
⚠️ Натпреварите се одвиваат во три категории 2,5 километри, 5 километри и олимписка дисциплина 10 километри во машка и женска конкуренција.

🚩 Учесници на натпреварувањето можат да бидат сите пливачи кои се организирани во клубови или надвор од нив.

🏊‍♂️🏊‍♀️ Во 10:00 часот ќе биде стартот на рекреативниот пливачки маратон на кој може да се пријават учесници кои не се членови на пливачки клубови и се рекреативци.

🏊‍♀️🏊‍♀️Во 12:00 часот ќе биде стартот на финалето на македонскиот куп во далечинско пливање на кој учесници можат да бидат само членови на пливачки клубови.

🏊‍♂️🏊‍♀️ Во 15:00 часот доделување на дипломи и медали 🏅🏅🏅на најдобрите учесници на пливачкиот маратон.
📢 Упатуваме апел до сите оние кои што се заинтересирани, било рекреативци или професионални пливачи да се пријават за учество на 6-тиот “Велешки пливачки маратон” и да бидат дел од оваа меѓународна спортска манифестација. Пријавувањето може да се изврши на официјалната Facebook страница на маратонот.
https://www.facebook.com/veleskiplivackimaraton/

Организатор на настанот е Здружението за спорт и рекреација “КЛУБ 28” од Велес а финансиска и техничка поддршка обезбеди Општина Велес и Националната пливачка федерација.

🎵🎵🎵За музичиот дел се задолжени “The Chicks”!

Езерото Младост е ВАШИОТ избор за НЕДЕЛА 15.септември.ПОВЕЛЕТЕ, ВЕТУВАМЕ ДОБРА ЗАБАВА!♥️