Е-Општина – Пријави проблем
Системот Ви овозможува во секое време од денот, седум дена во текот на неделата, преку интернет порталот на нашата општина, да пријавите комунален или било каков друг проблем, кој нашите служби ќе се обидат да го решат или да Ве информираат во врска со решавањето на проблемот во најкраток можен рок.
Воедно, преку оваа услуга, можете анонимно да пријавите проблем поврзан со корупција и/или коруптивно однесување или прекршување на етичкиот кодекс на административните службеници во Општина Велес и сите локални установи.
Упатство за користење на системот
Од листата на проблеми во менито на системот одберете го Вашиот проблем. Во пријавата наведете ја точната адреса (улица и број) или поблиску опишете ја локацијата на која треба да се изврши интервенција. Напишете ги Вашите контакт информации за да може да одговориме на Вашата пријава и да Ве информираме.