Велешкиот театар ја израдува Македонија

Со две престижни награди од Интернационалниот театарски фестивал „Руска класика“ кој се одржа во Москва, Народниот театар „Јордан Хаџи –Константинов –Џинот неодамна ја израдува велешката и македонската публика.

Наградите ги освоија со комедијата „Вдовицата се мажи“ од Антон П. Чехов во режија на Младен Крстевски. Театарот доби награда за најдобра странска претстава и награда за најдобар ансамбл за  актерите Младен Крстевски, Васил Зафирчев и Марина Поп Панкова.

Честитајќи им го големиот успех во име на Градоначалникот, Советот на Општина Велес и граѓаните на Велес, за впечатоците од Москва, за официјалната страница на Општина Велес, разговаравме со Младен Крстевски, директор на театарот „ЈХК-Џинот“, режисер и актер во претставата и Васил Зафирчев, уметнички директор на „ЈХК-Џинот“ и актер во претставата.

Целиот разговор можете да го проследите на следното видео: