Граѓаните ги започнаа изборите во урбаните заедници

На 18 и 19 јули 2019 година започна процесот за избор на членови на Советите на урбаните заедници. Граѓаните по свој избор на демократски начин, во присуство на тимови од Општина Велес избираат членови и претседатели на урбаните заедници. 

Повеќе...

Иванковци ќе добие улица, официјално потпишан договорот

Денес на свечена церемонија во Владата на Република Северна Македонија, градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски и директорот на Бирото за регионален развој Рамиз Реџепи го потпишаа  договорот за реализација на проект за уредување на улица во с. Иванковци.

Повеќе...

Дополнителни мерки за превенција од детско претстапништво

Локалниот совет за превенција од детско престапништво на Општина Велес, денес во просториите во Општина Велес одржа седница на која покрај членовите на Советот присуствуваа и преставниците од МВР – СВР Велес, Орце Коцевски - командир на полициската станица,  и Иса Лимани- командир на Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај.

Повеќе...

Андреев-трето место на меѓународниот детски тениски турнир во Србија

Во категоријата јуниорки до тринаесет години на еден од најпрестижните меѓународни турнири во детски тенис во регионот Champions Bowl Србија 2019 младата тенисерка Славјанка Андреев од Велес (12 години) го освои престижното трето место. „Турнирот на тениските надежи” е дел од „Champions Bowl by Wilson“ серијата кој од 11 до 13 јули 2019 година се одржа на терените на тенискиот клуб Харон во Белград и е  поделен во категории на учесници до 9, 10, 11 и 13 години. Турнирот  се игра во вкупно 32 земји.

Повеќе...

Уметноста- алка за поврзување на учениците со различности

Десет ученици од редовните основни општински училишта и пет ученици со попреченост од ПОУ „Маца Овчарова“, во периодот помеѓу 13. и 18. јули 2019 година се дел од петтдневната ликовна колонија „Езерски убавини” која се одржува во детското одморалиште „Мајски цвет” во Струга.  Талентираните ученици-млади уметници кои се на возраст од 13 до 15 години творат и создаваат дела во повеќе техники на сликање.

Повеќе...

Обука на општинската администрација за помош на патишта

Општинската Организација на Црвен крст - Велес, во просториите на Општина Велес, денес одржа обука за прва помош на патишта наменета за вработените во општинската администрација.

Повеќе...

Државниот првак во училишен ракомет од Велес се подговува за Сараево

Училишниот ракометен спортски клуб на „Васил Главинов“ – Велес кој во мај годинава го освои првото место на Државната лига  во ракомет во машка конкуренција за основни училишта деновиве се подготвува за учество  на Балканските училишни игри кои ќе се одржат во Сараево од 3 до 7 август 2019.

Повеќе...

Градежни зафати во Општина Велес

Во тек се повеќе градежни зафати за подобрување на инфраструктурата на територијата на Општина Велес. Градоначалникот Коцевски заедно со тим од општинската администрација денеска изврши увид на тековните работи.

Повеќе...

Велешките спасители во акција за чистење на Вардар

Здружението за безбедност на вода и планина „Македонски спасител” од Велес, денес организираше еко акција за чистење на коритото на реката Вардар. 
Во акцијата без вклучени дваесетмина волонтери на здружението кои ги исчистија крајбрежните појаси на реката Вардар, на потегот од Новиот мост, преку Мал мост, сè до Стариот мост. Оваа еко акција е дел од проектот „Чувари на вардарското крајбрежје” кој е поддржан од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Повеќе...