Одбележан Меѓународниот ден на Ромите во Велес

На денешната панел дискусија, организирана во ликовниот салон во Велес, беше одбележан 8. Април, Меѓународниот ден на Ромите. Говорниците го истакнаа фактот што во светот постојат околу 12 милиони Роми, а Република Северна Македонија е една од државите кои го признава ромското малцинство. Во Велес живеат околу осумстотини Роми. За жал, многу мал дел од нив го говорат својот мајчин јазик, а со тоа и постепено се губи чувството на припадност кај секој поединец.

Повеќе...

Претставен Планот за животна средина за проектот "Паметно езеро Младост"

Спецификациите, сите инфраструктурни и културни содржини предвидени за изградба во рамки на проектот "Паметно Езеро 'Младост'", беа претставени на денешната Јавна расправа одржана во просториите на Општина Велес. На истата, која беше од интерактивен карактер, со свои предлог идеи и конструктивни прашања се вклучија претставници од НВО секторот од градот, претставници од јавните институции, како и од приватниот сектор, пред се од хотелите и рестораните кои гравитираат околу просторот на езерото "Младост".

Повеќе...

Одбележани 75 години од смртта на народниот херој Димче Мирчев

По повод 75 години од загинувањето на народниот херој Димче Мирчев, делегации на Општина Велес, Општинската организација на Сојузот на Борците од НОБ и локалните инстутиции положија цвеќе на споменикот на Димче Мирчев во Младинскиот парк и во кругот на градинката која го носи неговото име.

Повеќе...

Општина Велес започна со распределбата на канти за отпад за 2019 година

Општина Велес согласно Програмата за управување со отпад за 2019 година набави канти за отпад за домаќинствата и правните субјекти.
Набавени се 1380 канти за отпад од 120 литри во зелена боја за комунален отпад и во жолта боја за отпад кој може да се рециклира.

Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Велес и се во износ од 1.213.040 денари.

Распределбата започна од улицата “Рилски конгрес”, а покрај кантите за отпад, на граѓаните им се дистрибуираа и летоци со насоки за спроведување на примарната селекција во нивните домови.
По завршување на оваа фаза, акцијата за распределба на садови за отпад ќе продолжи на нови улици и реони.
Оваа година акцент во распределбата ќе биде ставен на левата страна на градот.

Општина Велес апелира до граѓаните да ги користат кантите согласно нивната намена и да се изнесуваат два часа пред утврденото време на собирање на отпадот.

Во тек проекти за развој на инфраструктурата

Согласно програмските определби на општината за континуирано подобрување на комуналната инфраструктура, денеска Градоначалникот Аце Коцевски со стручните лица од Одделението за комунална инфраструктура направи увид во тековните проекти на терен.

Повеќе...

Коцевски на средба со чешки компании

Во рамките на денешниот македонско - чешки бизнис форум градоначалникот Коцевски оствари поголем број на билатерални средби со претставници од реномирани чешки компании.

Повеќе...

Априлијада 2019 во Велес

Петстотини најмлади учесници со петстотини насмевки денес го украсија Младинскиот парк во Велес со своите креативни костими и маски.

Повеќе...

Велешките акцијаши во акција

По повод 1 април, Денот на доброволното младинско ангажирање,здружението на граѓани "Акцијаш ветерани" заедно со тимови од велешката гимназија и поддршка од ЈКП "Дервен" денес организираа акција за чистење отпад на просторот покрај Железниот мост, од десната страна на реката Вардар. Она што симболично ги поврза членовите на работната бригада и преставниците на гимназијата е тоа што тие го носат името на великанот Кочо Рацин.

Повеќе...