Во тек е изградба на заштитен ѕид кај езерото „Младост“

Во тек е изградба на заштитен ѕид кај езерото „Младост“, чија должина изнесува околу 270м. Овој ѕид се гради со цел заштита од оштетување на водоводните цевки. Со ова ќе се овозможи и изградба на патека за пешаци со што ќе се зголеми безбедноста на патот. Во должина на патеката која ќе се протега над ѕидот ке се монтира и ограда- ракофат поради побезбедно движење на пешаците.

Повеќе...

Велес на меѓунаρоден саем во Ρоманија

Од 1-ви до 3-ти мај годинава,делегација на Општина Велес пρедводена од гρадоначалниκот Славчо Чадиев, учествуваше на пρвиот Евρопсκи саем на замоци и κултуρно наследство што се одρжа во гρадот Хунедоаρа,Ρоманија. 

Повеќе...

112 години од смртта на најголемиот македонски револуционер Гоце Делчев

Денес се навршуваат 112 години од смртта на најголемиот македонски син, револуционер со апостолска дејност, првенец на револуцијата, долго очекуван предводник што доаѓа да го подигне и организира народот за спасоносното дело на револуцијата.
Неговото име стана легенда вткаена во свеста на македонските народни маси. Неговото име ги одржуваше македонските поколенија, со тоа име македонските прогресивни сили ја водеа во сосема нова општествено-политичка ситуација борбата на македонскиот народ за национално и социјално ослободување.
Неговите посмртни останки прво се чувани во Баница до 1917 година, кога се пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чува во домот на Михаил Чаков, а на него пишувало:
„Ги заколнуваме поколенијата што доаѓаат светите коски да бидат погребани во главниот град на независна Македонија.
Август 1923, Илинден“.
Заветот е исполнет и на 11 октомври 1946 година кога се пренесени во Скопје, во црквата Свети Спас.

 

Продолжуваат градежните активности на ул. „Кире Праќицов“

Овие денови во тек е изградбата на вториот крак од улицата „Киро Пракицов“. Земјениот пат кој се уредува ќе ја зголеми безбедноста и пристапноста, но ќе се промени и самиот лик на улицата чија должина изнесува околу 170 метри . При одвивањето на оваа градежна активност ќе се опфати реконструкција и на мал дел од просторот каде граѓаните од овој дел на градот го поминуваат своето слободно време.

Повеќе...

112 години од динамитните акции на Гемиџиите

Општина Велес достојно, онака како што им прилега на најголемите македонски синови, ја обележа 112 годишнината од Солунските атентати, обмислени и извршени од Гемиџиите во периодот од 28-30 април 1903-тата во Солун.

Повеќе...

„Драгон кунг фу“ од Кина го затвори „Танц-фестот“„Драгон кунг фу“ од Кина го затвори „Танц-фестот“

На сцената на Народниот тетар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот”, вчеравечер со настапот на кинеската атракција Драгон Кунг фу танцовата компанија од Пекинг го затвори 11-тото издание на „Танц фест“.

Повеќе...