Коцевски побара темелно преиспитување на распределбата на средства во културата

„Без Рацин, Крсте Мисирков, Гане Тодоровски, Петре М. Андреевски и многу други ние сме ништо. Овие великани се нашиот јазик, нашиот знак за препознавање и затоа мора со достојна почит да се однесуваме кон нив и да издвојуваме соодветни финансиски средства за организирање на манифестациите кои треба да бидат темел на македонската култура“.

Повеќе...

Започнаа форумите за проекти во вардарскиот регион

Во рамките на проектот "Одржлив, инклузивен рамномерен и регионален развој" кој го реализира Центарот за развој на Вардарскиот плански регион во соработка со Министерството за локална самоуправа, а кој е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, денес во Велес се одржа првата форумска сесија на која граѓаните имаа можност активно да се вклучат во процесот на одлучување за реализација на приоритетни проекти за општините на Вардарскиот плански регион.

Повеќе...

Стефанија Јакимовска меѓу дваесет финалисти на Меѓународен фестивал во Мостар

„Малите деца создаваат големи светови“ е литературната творба со која Стефанија Јакимовска се најде меѓу дваесетте финалисти на Меѓународниот фестивал за деца-поети „Алекса Шантиќ“. Фестивалот се одржа на 1.и 2. февруари во Мостар. Таа го доби ова признание во конкуренција на 1500 литературни творби на деца од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија и Грција.

Повеќе...

Интервентни мерки против аерозагадувањето

Во општина Велес веќе неколку месеци нема податоци за состојбата со квалитетот на амбиентниот воздух за ПМ10 честичките, но загадувањето на воздухот е реалност. Со подобрувањето на временските услови започна да се спроведува вонредно перење на улиците во градот кое е предвидено во Програмата за јавна чистота, а со посебен акцент на оние улици каде се изведуваа поголеми градежни активности („Самоборска“, „Благој Ѓорев“), на улици каде со снежните врнежи беше извршено посипување со абразивен материјал и кој со топењето на снегот остана во големи количини на улиците („Индустриска“,„ АСНОМ“, „Борис Трајковски“).

Повеќе...

Средба на градоначалникот со здруженијата од областа на културата

Создавањето на Младински креативен центар кој ќе биде во функција на развој на културата беше во фокусот на денешната средба на градоначалникот Аце Коцевски со претставници на здруженијата на граѓани од областа на културата. На средбата беа разменети мислења за потребата од просторни услови за работа за балетските групи, културно-уметничките друштва, оркестрите, хоровите, музичарите и аматерските театарски групи.

Повеќе...

Кои стручни кадри се потребни на Велес?

Денес во Општина Велес се одржа состанок на бизнис заедницата односно членовите на Локалниот економски совет со директорите на средните општински училишта. Во фокусот на средбата беше реалната потреба на образовни профили според потребите кои ги имаат стопанствениците на локално ниво.

Повеќе...

Проектот „Фудбал во училишта“ и во Велес

Во организација на Фудбалска федерација на Македонија во соработка со Федерацијата на училишен спорт денес во ОУ „ Блаже Конески“ се одржа спортски настан на кои учениците од  четири основни училишта од Велес и едно училиште од Градско имаа можност да ги покажат своите вештини во фудбалот. Настанот е во рамките на големиот проект „Фудбал во училишта“ кој има цел  да ја  доближи најважната споредна работа на светот, фудбалот до најмладите.Со завршување на проектот се предвидува да се вклучат 15.000 ученици од цела Македонија со подеднакво учество на момчиња и девојчиња.

Повеќе...

Позитивни финансиски резултати и во IV квартал 2018

На денешната прес конференција, градоначалникот Аце Коцевски изрази задоволство од постигнатите резултати во финансиското работење на општината. Како што рече градоначалникот и во четвртиот квартал во 2018 година, Општина Велес бележи позитивни финансиски резултати:

Повеќе...

Директорот на ЈКП „Дервен“ поднесе оставка

На денешната прес конференција, градоначалникот Аце Коцевски ја извести јавноста дека директорот на ЈКП „Дервен“  Ѓорѓи Стојанов го известил дека поднесува неотповиклива оставка и бара да биде разрешен од функцијата директор на ЈКП „Дервен“ затоа што во меѓувреме неговиот син е поставен за раководител на регионалната канцеларија на Централниот регистар  на РМ во Велес.

Повеќе...

Балетот „Либертанго“ во Велес

Во вторник, 12 февруари, со почеток во 20 часот во Народниот театар „ЈХК-Џинот“, Македонската опера и балет ќе настапи со балетот „Либертанго“. Настанот го најави градоначалникот Аце Коцевски на прес конференција што се одржа на 5 февруари годинава.

Повеќе...