СЕ ПРОДАДОА 9 ПАРЦЕЛИ ВО ИНДУСТРИСКАТА ЗОНА РЕЧАНИ 2 И 4 ПАРЦЕЛИ НА ЕЗЕРОТО МЛАДОСТ НАМЕНЕТИ ЗА ИЗГРАДБА НА МОТЕЛИ

Општина Велес пред малку го заврши процесот на електронско јавно наддавање за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија, а кој се однесуваше на продажбата на плацови во Индустриската зона Речани 2 и на Езерото Младост. Градоначалникот Славчо Чадиев денес на пресконференција ја информираше јавноста дека во двете јавни наддавања се продадоа вкупно 9 плацови во Индустриската зоан Речани 2 и 4 парцели на езерото Младост.

Повеќе...

Промоција на „Отворена книга” oд поетот Раде Силјан

Во рамки на проектот „Велес - Град на култура за 2015 година“, денес во медиотеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ се одржа промоција на книгата „Отворена книга“ од поетот Раде Силјан. На настанот промотивен говор одржа проф. д-р Златко Жоглев Ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, а стихови од книгата читаа Слободанка Чичевска и Игор Крајчев.

Повеќе...

Честитка по повод празникот Водици

Почитувани

Од името на Општина Велес, дозволете ми на сите православни верници да им го честитам големиот христијански празник Богојавление - Водици, со желба за добро здравје, лична среќа и успех на сите полиња од животот.

Повеќе...

Со „Ноќ спроти Водици“ започна проектот Град на културата

Велес е лулка на македонската писменост. Во Велес се темелите на драмската уметност поставени од Џинот. Со овие зборови градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев во новата театарска зграда го отвори првиот настан „Ноќ спроти Водици” со кој се означи стартот на проектот „Велес – Град на културата за 2015 година”.

Повеќе...

Амбасадорката Оер ги посети македонските и француските ученици

По повод престојот на учениците и професорите од збратимениот град Шербур Октевиљ денес амбасадорката на Република Франција госпоѓа Лоранс Оер, како и заменичките градоначалнички од Шербур, Г-ѓа Мјуриел Жозо - Мариње и Г-ѓа Гилен Годен ги посетија македонските и француските ученици и професори во ОССУ „Коле Неделковски“ и ги проследија нивните активности. На настанот присустуваа градоначалникот Славчо Чадиев и претседателот на Советот Александар Колев.

Повеќе...

СТАРТУВА ПРОЕКТОТ „ВЕЛЕС – ГРАД НА КУЛТУРАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА 2015 ГОДИНА”

Како што веќе и е познато на јавноста Велес вчера и официјално го доби решението на стручната комисија со кое се прогласува за „Град на културата во Република Македонија“ за 2015 година. Проектот содржи 67 манифестации кои продуцираат околу 200 културни настани од различни жанрови – Филм, музика, театар, фолклор, литература, ликовна уметност, опера и балет.

Повеќе...

УЧИЛИШТАТА ВО ВЕЛЕС СЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА СТАРТОТ НА ВТОРОТО ПОЛУГОДИЕ ОД УЧЕБНАТА ГОДИНА

Образованието е еден од врвните приоритети во работата на Општината. Директната надлежност од основањето на училиштата, па до решавањето на сите проблеми што се јавуваат во образованието е поврзана со Општината – со Советот и со Градоначалникот. Одтаму и потребата за континуирана и директна комуникација со директорите на училиштата.

Повеќе...

Велес е Град на културата за 2015 година

Велес од денес официјално е прогласен за Град на културата за 2015 година. Oваа одлука денес на пресконференција во Министерството за култура, беше соопштена од страна на Министерката Елизабета Канческа Милевска.

Повеќе...