Oтворен 12-тиот Меѓународен салон на стрип

Во Ликовниот салон во Велес вчера свечено беше отворен 12-тиот јубилеен Меѓународен салон на стрип. На свеченоста беа доделени наградите по распишаниот конкурс за стрип „Велес 2014“. Годишното признание за развој и афирмација на македонскиот стрип „Љупчо Филипов“ го доби книжарницата „Бункер“ од Скопје, додека специјалното признание за развој на стрипот во светот му припадна на Ервин Рустемагиќ од Словенија. За победник на овогодинешниот меѓународен конкурс „Златен стрип“ е избран Саша Арсениќ од Србија.

Повеќе...

Одбележување на Светскиот ден за бобра против гладта

По повод Светскиот ден за борба против гладот, Општина Велес оддели 20.000 денари со кои ќе им се помогне на 10 семејства со по 2.000 денари. Изборот на семејствата на кои општината ќе им додели еднократна парична помош, заедно го извршија Меѓуопштинскиот центар за социјална работа и Општинската организација на Црвен крст. Тие располагаат со евиденција на податоци за лица со приоритет, лица на кои им е неопходна ова помош. Подпретседателката на ОО на Црвен крст Велес, г-ѓа Марија Настова симболично го прими решението од член на Советот на Општина Велес г-ѓа Нада Трајкова.

Повеќе...

Реконструкција на водовдна линија на дел од ул. Максим Горки

ЈКП „Дервен“ овие денови работи на реконструкција на застарена водоводна линија долж ул. „Максим Горки“, од спојот со ул. „Кирил и Методиј“ до спојот со ул. „9 Ноември“, во должина од 100 метри.

Повеќе...

Од практикантска работа до вработување и самовработување

Во рамките на спроведувањето на проектот на УСАИД за практикантска работа и вработување на лицата со попреченост, во Општина Велес се оствари отворена работна средба со регионалниот проект координатор, институции на локално ниво, организации и здруженија на лица со попреченост.

Повеќе...

Успешна реализација на 11-тата по ред Велешка питијада

Општина Велес и Градоначалникот Славчо Чадиев на сите велешани им искажуваат огромна благодарност за личниот придонес што го дадоа во реализацијата на 11-тата по ред Велешка питијада или Фестивал на пити и вино 2014. Од 10-12 Октомври, Велес живееше во знакот на оваа манифестација на која учество зедоа 32 угостители и винарии од Велес и регионот.

Повеќе...

Велес 2014 off-road велосипедска тура

Велосипедскиот настан „Велес 2014 off-road велосипедска тура“ претставува еднодневен вело-настан што се одржа во Велес и околината на Велес во саботата на 11 октомври 2014 година. Настанот вклучуваше две патеки, off-road велосипедска тура, асфалтна тура околу Велес и учество на познатата Велешка Питијада со дегустација на велешка пита пастрмајлија и македонски вина. Стартот на вело-турата беше од пред влезот на гимназијата “Кочо Рацин“, а продолжи по однапред планирана патека кој опфати неколу Велешки села, како и возење покрај реката Вардар по исклучително интересен предел. Велосипедистите турата ја завршија онаму од каде што почнаа, централното место каде што се одржуваше овогодинешната Питијада. Организацитори на оваа off-road велосипедска тура беа група љубители на велосипедизмот – ВЕЛЕС БАЈКИНГ, Општина Велес, здружението на граѓани “Велес ФЕСТ“ и Д.П.С. СКИ-КАРАВАН Велес.

Повеќе...

Турнир на пеливани во Бузалково

Согласно програмските активности на Општина Велес, во саботата на 11-ти Октомври се одржа традиционалниот турнир на пеливани во селото Бузалково. Традицијата на стариот спорт што со особено внимание се негува во ова населено место, предизвика голем интерес како од пеливанските клубови од целата држава, така и од населението од Бузалково, Велес и голем број населени места во општината. Во пеливанските борби учествуваа повеќе од 100 борачи од сите категории. Организатор на турнирот е МЗ „Бузалково” и Општина Велес. Турнирот беше збогатен со културно-уметничка програма што ја подготвија членовите на ансамблот КУД „Емин Дураку“ од Скопје и традиционалните зурли и тапани што ги придружуваат борбите на пеливаните.

Повеќе...

Прием на првачињата во „Детската организација“

Во склоп на одбележувањето на „Детската недела“ покрај низата активности на училиштата, денес во Општина Велес се одбележа приемот на првачиња во „Детската организација“. По тој повод на присутните првачиња од сите основни училишта од Општина Велес и на нивните наставници им се обрати градоначалникот г-дин Славчо Чадиев и им посака многу здравје, весело детство и успех во образованието. При тоа градоначалникот им вети дека секогаш ќе ги поддржува и ќе се заложува за осовременување на образованието, а посака и во иднина да ги сретне повторно како изградени и успешни млади личности.

Повеќе...