ЈАВНА РАСПРАВА ПО НАЦРТ-БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС ЗА 2015 ГОДИНА

Општина Велес денес организираше Јавна расправа по Нацрт-Буџетот на локалната сампоуправа за 2015 година. Јавната расправа се одржа во големата сала на општината, со учество на членови на Советот, преставници на месните и урбаните заедници, бизнис секторот, институциите и здруженијата на граѓани и фондации. На јавната расправа говореше Љупче Андреевски, раководител на Одделението за финансирање и буџет кој го образложи целокупниот Нацрт-Буџет на Општина Велес за 2015 година. Во овој стратешки документ, чија вкупна вредност изнесува 776.591.525 денари, 323.197.600 денари или 41,6% се однесуваат на основниот буџет, 382.790.000 денари односно 49.3% на приходи од дотации, 70.203.785 денари или 9% на самофинансирачки активности и 400.140 денари се донации. На јавната расправа присутните имаа можност да дадат свои предлози, забелешки и сугестии околу распределбата на буџетот во наредната година.

Повеќе...

ПРЕЗЕНТИРАНА НОВАТА СТРАТЕГИЈА ЗА ПАРТНЕРСТВО ПОМЕЃУ СВЕТСКА БАНКА И МАКЕДОНИЈА

Денес во Општина Велес, Центарот за развој на Вардарскиот плански регион во соработка со Светска банка ја презентираа новата Стратегија за партнерство на земјата за периодот 2015 -2018 година. Стратегијата се должи на силното партнерство помеѓу Македонија и Групацијата Светска банка, која дава цврста поддршка на земјата во нејзиниот развој и аспирација за пристап во Европската унија. Нејзина крајна цел е намалување на невработеноста, но и развој на економијата и отворање на нови работни места. Инаку изминатиов период Општина Велес во соработка со Светска банка и Министерството за финансии реализираше два многу значајни проекти, водоснабдителниот систем до Езерото Младост и комплетна замена на уличното осветлување со ново енергетски ефикасно.

Повеќе...

Отстранување на дрва и наноси - мост кај Башино село

Во текот на вчерашниот ден беше активирана механизација за отстранување на дрвата и другите отпадни материјали кои поради високиот водостој на реката Вардар се нанесоа на мостот кај Башино село.

Повеќе...

ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ОПШТИНА БАЧКА ТОПОЛА ВО ПОСЕТА НА ВЕЛЕС

Денес во посета на Општина Велес претстојуваше делегација на Општина Бачка Топола од Република Србија, предводена од заменик-претседателот, Предраг Петровиќ. На средбата со градоначалникот Славчо Чадиев, гостите беа запознаени со вкупните состојби и напорите кои ги прави локалната самоуправа за подобрување на условите за живеење. Притоа соговорниците ја истакнаа и важноста од продолжување на соработката помеѓу двата града како на културен така и економски план. Делегацијата од Бачка Топола претходно присуствуваше на 47-мите Детски Рацинови средби, а на покана и претходно остварена соработка со ООУ „Св. Кирил и Методиј” од Велес.

Повеќе...

По 47-ми пат одржани Детските Рацинови средби

По 47-ти пат, децата од Велес и повеќе градови ширум Македонија, го чествуваа, пееја и твореа за Рацин. На 20-ти и 21-ви ноември Велес ширум ги отвори своите порти за младите рацинови почитувачи, кои во придружба на своите ментори и секако со своите врсници од Велес, два дена му посветуваат на безвремениот поет.

Повеќе...

Зборникот „Велешки поетски пулсирања“ и Благодарница за поддршката од Општина Велес

Денес претставници од клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ на градоначалникот Славчо Чадиев му го подарија Зборникот „Велешки поетски пулсирања“ и Благодарница за поддршката од Општина Велес.

Повеќе...

Реконструкција на водоводна линија на ул. Борис Карпузов

ЈКП Дервен работи на реконструкција на дел од водоводна линија на ул. Борис Карпузов во должина од 70 м. Старата поцинкувана линија се заменува со нова, изработена од високо квалитетен полиетилен. Работните активности на овој дел од улицата ќе завршат до крајот на утрешниот ден, а доколку временските услови се поволни, во текот на следната седмица ќе се продолжи со реконструкција и на преостанатиот дел од водоводната линија на ул. Борис Карпузов.

Повеќе...

Во Велес се гради и се создаваат дела како никогаш досега

Општина Велес категорично ги отфрла обвинувањата на СДСМ кои се однесуваат на реализацијата на Буџетот и работењето на локалната самоуправа воопшто. Ваквите тврдења сметаме дека се класичен обид за политички маркетинг и претставување на погршена слика пред јавноста.

Повеќе...

Караванот „Спортски Бон-Тон” продолжи во Ново Село

Караванот на спортско-културната манифестација „Традиционални спортски игри - Спортски Бон-Тон“ продолжува и понатаму. Денес се одржа во Општина Ново Село каде учениците од ООУ „Благој Кирков“ и ООУ „Јордан Хаџи Константинов-Џинот” како и претставници на Oпштина Велес, заедно со своите наставници, активно учествуваа во детските традиционални игри, се забавуваа, дружеа и стекнаа многу нови другарчиња од останатите општини учесници. Оваа прекрасна спортско-културната манифестација „Традиционални спортски игри – Спортски Бон-Тон“, е проект кој е под покровителство на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов. Целта на проектот е промовирање на Спортски Бон-Тон како модел на интегрирање на децата од училишна возраст, во системот на спортување, дружење, играње и нивно меѓусебно запознавaњe со традицијата, културата и обичаите.

Повеќе...