Коцевски на работна посета во Словенија

Во рамки на работната посета на Словенија, делегацијата на Општина Велес предводена од градоначалникот Аце Коцевски се сретна со градоначалникот на Љубљана Зоран Јанковиќ, кој пред десетина дена четврти пат победи на локалните избори.

Пред тоа делегацијата имаше работна средба со професор Јанез Кожељ, заменик на градоначалникот и главен архитект, кој е идеен креатор на сообраќајните решенија од Планот за одржлива урбана мобилност на Љубљана.

Повеќе...

Акција за пошумување 2018

Општина Велес организира граѓанска акција за пошумување која ќе се реализира на 08.12.2018г. (сабота), на локалитетот Вршник, на површина од 3 хектари, со засадување на 5.500 садници од багрем.

Повеќе...

Новото детско игралиште за деца со посебни потреби пуштено во употреба

Децата со попреченост кои се од Велес ќе имаат можност да поминуваат дел од своето слободно време на инклузивното детското игралиште во населба Тунел кое денес на 3. декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, го отвори градоначалникот Коцевски.

Повеќе...

Претстојниот викенд ќе биде посветен на пошумување

Општина Велес организира граѓанска акција за пошумување која ќе се реализира во сабота, 8 декември годинава, на локалитетот Вршник, на површина од 3 хектари, со засадување на 5.500 садници од багрем.

Повеќе...

Ризичниот мост кај Башино село ќе се решава на национално ниво

На новинарско прашање во врска со состојбите со мостот во Башино село, на денешната прес конференција градоначалникот Аце Коцевски информираше за мерките што се преземаат.

Повеќе...

И во декември, во Велес се гради

На денешната прес конференција, градоначалникот Аце Коцевски ја информираше јавноста за 8 тековни инфраструктурни проекти.

Повеќе...

Домаќинско работење со позитивни резултати

И во третиот квартал во тековната година Општина Велес бележи позитивни финансиски резултати. Ова на прес конференција, денеска го соопшти градоначалникот Аце Коцевски кој нагласи дека домаќинското и одговорното управување со средствата на граѓаните на Велес дава резултати, а сите заштедени средства ќе се  искористат  за проекти и активности за подобрување на животот на велешани.

Повеќе...

Соработка против насилниот екстремизам

Во присуство на претставници на институциите и граѓанскиот сектор, на 30 ноември годинава, градоначалникот Аце Коцевски и претседателот на организацијата „ЦИВИЛ“ Џабир Дерала потпишаа меморандум за партнерство и соработка.

Повеќе...