Зелено светло за основање на ново училиште во Велес

Општина Велес доби позитивно мислење од Владата  за основање на ново Општинско основно училиште „Панко Брашнар“. Мислењето е дадено на 141 седница на Владата, на барање на Министерството за образование и наука.

Повеќе...

Со поддршка на УСАИД ќе се реновира ООУ „Блаже Конески”

Претставници на Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) - Проект на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, директорот на ООУ „Блаже Конески”, Јованче Манасков и градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, денес во просториите на Општина Велес потпишаа меморaндум за соработка.

Повеќе...

Стартуваа градежните зафати во центарот на Велес

Стартуваа градежните зафати во центарот на Велес Општина Велес денеска започна со предвидените градежни зафати на одводната атмосферска коловозна решетка на улица „Илинденска", како и на железничката пруга, поточно на железничкиот премин кај мостот „Гемиџии“ („Нов мост“).

Повеќе...

Патрола за превенција од детско престапништво

Изминатиот викенд, претставници на  Локалниот совет за превенција од детско престапништво и МВР реализираа превентивна патрола на повеќе локациии во градот како и низ велешките кафулиња. Патролата беше реализирана на 20 јули, во 23:00 часот. Целта на патролата беше да утврди колку се почитуваат законите и дали малолетниците во ноќните часови се присутни во кафулињата и угостителските објекти во Велес и околу стамбените објекти.

Повеќе...

Нови можности за финансирање на значајните проекти

Во просториите на Општина Велес денес градоначалникот Коцевски оствари работна средба со претставници на Здружението на финансиските работници и на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Повеќе...

Известување за градежни зафати на улица Илинденска

Ве известуваме дека на ден 24.07.2019 и 25.07.2019 година се предвидени градежни зафати на одводна атмосверска коловозна решетка на улица "Илинденска" во Велес, како и зафати на железничката пруга – железнички премин кај “Нов Мост“.

Повеќе...

Граѓаните ги започнаа изборите во урбаните заедници

На 18 и 19 јули 2019 година започна процесот за избор на членови на Советите на урбаните заедници. Граѓаните по свој избор на демократски начин, во присуство на тимови од Општина Велес избираат членови и претседатели на урбаните заедници. 

Повеќе...

Иванковци ќе добие улица, официјално потпишан договорот

Денес на свечена церемонија во Владата на Република Северна Македонија, градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски и директорот на Бирото за регионален развој Рамиз Реџепи го потпишаа  договорот за реализација на проект за уредување на улица во с. Иванковци.

Повеќе...

Дополнителни мерки за превенција од детско претстапништво

Локалниот совет за превенција од детско престапништво на Општина Велес, денес во просториите во Општина Велес одржа седница на која покрај членовите на Советот присуствуваа и преставниците од МВР – СВР Велес, Орце Коцевски - командир на полициската станица,  и Иса Лимани- командир на Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај.

Повеќе...