Велешките акцијаши во акција

По повод 1 април, Денот на доброволното младинско ангажирање,здружението на граѓани "Акцијаш ветерани" заедно со тимови од велешката гимназија и поддршка од ЈКП "Дервен" денес организираа акција за чистење отпад на просторот покрај Железниот мост, од десната страна на реката Вардар. Она што симболично ги поврза членовите на работната бригада и преставниците на гимназијата е тоа што тие го носат името на великанот Кочо Рацин.

Повеќе...

Велес го врати духот на гимнастиката

Велес e домаќин на Првото државно првенство во гимнастика за основните училишта во државата што денеска се одржува во ДГС „Партизан“. Во присуство на велешките гимнастичари ветерани и околу 120 учесници од 10 општини, натпреварот го отвори градоначалникот Аце Коцевски.

Повеќе...

„Велес паметен град“ – Коцевски ја презентираше Стратегијата за развој 2019-2030

На денешната 31. седница на Советот на Општина Велес, Градоначалникот Аце Коцевски ги презентираше клучните содржини на Нацрт стратегијата „Велес -паметен град-Стратегија за развој 2019-2030“.

Повеќе...

Наскоро Велес со нови сообраќајни решенија

Планот за одржлива урбана мобилност за град Велес беше во фокусот на денешната работна средба што се одржа во просториите на Општина Велес, на која пристуствува претставници од реномираната консултатнтска фирма АПИА, Словенија, граѓански здруженија, институции и од бизнис заедницата.

Повеќе...

Одржана Вело-Крос трката во Велес

Педесет велосипедисти од десетина велосипедски клубови од државата денес беа дел од Вело -крос трката во рамките на Купот на Македонија. Овој спортски настан беше организиран од страна на Младинскиот велосипедски клуб од Велес и Велосипедската федерација на РСМ.Ова е четврта и последна Вело-крос трка за оваа сезона, а следните трки во друмски велосипедизам ќе се одржат во Кичево и повторно во Велес. Градоначалникот на Општина Велес ги додели наградите на најуспешните во четирите категории и тоа кадети, мастерс, јуниори и сениори.

Повеќе...

Велешани за почист Велес - Еколошка акција кај топилницата

Денес се реализираше четвртата масовна еколошка акција. Овојпат, се чистеа површините во близина на топилницата. Акцијата се одржа во рамките на Деновите на пролетта- Денови на екологијата.

Повеќе...

Николовски и Коцевски на средба со земјоделците

На денешната трибина организирана во Велес од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерот Николовски, заедно со градоначалникот на Општина Велес и директорите на други државни институции се сретнаа со претставници на земјоделците и сточарите од Велес и околните општини и разговараа за проблемите, но и за новитетите околу промената на дел од законите кои се однесуваат на земјоделието.

Повеќе...

Развојот на инфраструктурата –приоритет за Општина Велес

На прес конференцијата одржана на 19 март годинава, градоначалникот Аце Коцевски ја информираше јавноста за реализираните и тековните инфраструктурни проекти како приоритет за развојот на општината.

Повеќе...