Соопштенија

Покренување иницијатива за прибирање предлози за доделување на Деветоноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2017 година

Врз основа на член 127 од Деловникот на Советот на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.12/07), Одлуката за востановување 9-то Ноемвриски награди и признанија на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр. 7/97; 7/01) и Одлуката за востановување награда за животно дело - „Гемиџии“ („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.4/03), Комисијата за општествени дејности покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување на Деветоноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2017 година.

Повеќе...

Покренување иницијатива за прибирање предлози за доделување награда на Општина Велес за најстудент „Проф. д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2017 година

Врз основа на член 127 од Деловникот на Советот на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.12/07), Одлуката за востановување награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ („Сл.гласник на Општина Велес“ бр. 17/07), Комисијата за општествени дејности покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2017 година.

Повеќе...

Известување за здравствената безбедност на водата на Езеро Младост

Се известуваат граѓаните на Велес дека, согласно извршените испитувања и стручната анализа од страна на ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес, водата на Езеро Младост може да се користи за капење и рекреација и покрај отстапувањето од бараната 2-ра класа на некои физичко-хемиски параметри кои не се одразуваат штетно по здравјето на луѓето.

Повеќе...

ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЧАДИЕВ ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ КУРБАН БАЈРАМ

Почитувани сограѓани,
Дозволете ми, Вам, верниците од муслиманска верисповед од мое лично име и од името на Советот на Општина Велес, да ви упатам најсрдечни честитки по повод големиот исламски празник Курбан Бајрам.
Овој празник за вас има голема важност. Курбан Бајрам одсекогаш бил симбол за почитта, толеранцијата и љубовта помеѓу луѓето.

Повеќе...

ЈАВЕН ПОВИК – ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО за манифестацијата „Велешка Питијада 2017“

ЈАВЕН ПОВИК – ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО

за манифестацијата „Велешка Питијада 2017“

Општина Велес и оваа година традиционално ќе ја организира манифестацијата „Велешка питијада 2017“ за презентација на питата пастрмајлија и виното каде производителите на пекарски и алкохолни пијалоци односно угостителите и винариите ќе го промовираат сопственото производство.

Повеќе...

Термин за полагање на испит за сертификат за авто-такси возач за месец август

Соглaсно член 8-з од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на Република Македонија“ број 68/04 …… 71/16) и член 4 од Правилникот за постапката и програмата за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач, формата и содржината на уверението за положен испит и на сертификатот за автотакси возач, („Службен весник на Република Македонија“ бр.98/14), Општина Велес закажува испити за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач на 31.08.2017 година (четврток) со почеток во 16:00 часот.

Повеќе...

73-та СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Претседателот на Советот на Општина Велес, Александар Колев ја информира јавноста дека денес 24.08.2017 година (четврток) во просториите на Општина Велес со почеток во 14:00 часот, Советот на Општина Велес ќе ја одржи 73-тата седница.
За 73-тата седница на Советот предложен е следниот дневен ред:

Повеќе...

72-ра СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Претседателот на Советот на Општина Велес, Александар Колев ја информира јавноста дека денес 21.08.2017 година (понеделник) во просториите на Општина Велес со почеток во 14:00 часот, Советот на Општина Велес ќе ја одржи 72-та седница.
За 72-та седница на Советот предложен е следниот дневен ред:

Повеќе...

Соопштение - подготвка на нацрт-програмите за активностите на Општина Велес во 2018 година

С О О П Ш Т Е Н И Е

Во текот на септември 2017 година ќе се подготвуваат нацрт-програмите за активностите на Општина Велес во 2018 година во областа на:

Повеќе...

Локации за поставување на изборни плакати

Врз основа на член 78 од Изборен законик (“Службен весник на РМ”бр.40/06,127/06,136/08,148/08,155/08,163/08,44/11,51/11,142/12,31/13,34/13,14/14,30/14,31/15,196/15, 35/16, 97/16 и 99/16) и член 50, став 1, точка 16 од Закон за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ” бр.05/02),
Градоначалникот на Општина Велес

О Б Ј А В У В А

утврдување на места на кои е дозволено да се истакнуваат изборни плакати со обезбедени еднакви услови за сите организатори на изборната кампања учесници во избор за членови на совет на Општината и градоначалник на Општина Велес во 2017 година.

Повеќе...

ОБЈАВА бр.2 /2017 за продажба на движна ствар во сопственост на Општина Велес со електронско јавно наддавање (втора објава)

Врз основа на член 2, точка 4, алинеја 2, член 47 став 2 и член 48, од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост (Службен весник на Република Македонија бр. 78/15, 106/15, 153/15 и 190/16) и Одлуката за отуѓување на патнички моторни возила сопственост на Општина Велес бр.27-4800/5, Комисијата за недвижни и движни ствари сопственост на Општина Велес ја дава следната:

 ОБЈАВА бр.2 /201за продажба на движна ствар во сопственост на Општина Велес со електронско јавно наддавање (втора објава)

Повеќе...