Соопштенија

Велешките извидници на прием кај градоначалникот Чадиев

Велешките извидници на прием кај градоначалникот Чадиев - 1

Претставници на извиднички одред „Димитар Влахов“, денес беа примени од градоначалникот Славчо Чадиев. На средбата извидниците го запознаа градоначалникот со нивните активности и плановите за оваа година, како и неодамнешната промоција на новиот прирачник „101 идеја за логорување“, дело на извидникот Влатко Влахчев. Истиот беше промовиран во рамките на прославата по повод 22-ри февруари - Светскиот ден на скаутизмот.

Повеќе...

Јавна расправа по Студија за оцена на влијание врз животната средина за проектот “Реконструкција на железничката пруга на делницата Драчево – Велес од Коридор 10 “

Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува заинтересираната јавност дека инвеститорот Министерство за транспорт и врски, со седиште на ул. “Даме Груев” бр.6 - Скопје, ja достави Студијата за оцена на влијание врз животната средина на проектот: “Реконструкција на железничката пруга на делницата Драчево – Велес од Коридор 10” и истата е достапна за увид .
Јавните расправи по Студијата  за оцена на влијание врз животната средина за проектот: “Реконструкција на железничката пруга на делницата Драчево – Велес од Коридор 10 “ ке се одржат на
- 19 март 2014 година  (среда), во салата на општина Студеничани  со почеток во 10.00 часот
- 19 март 2014 година  (среда), во  салата за состаноци на општина Зелениково  со почеток во 13.30 часот
- 24 март 2014 година  (понеделник), во салата на општина Велес  со почеток во 11.00 часот
- 25 март 2014 година  (вторник), во  Противпожарен дом во општина Петровец  со почеток во 10.00 часот
- 25 март 2014 година  (вторник), во  салата на Советот на општина Кисела Вода  со почеток во 14.00 часот
 Поради изработка на нова web страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, Ве информираме дека Студијата е достапна за увид на веб страната на Министерството за транспорт и врски www.mtc.gov.mk , и  во канцелариите на општина Кисела Вода, општина Студеничани,  општина Зелениково, општина Петровец  и општина Велес.

Повеќе...