Соопштенија

Покана - јавни расправи по нацрт-документите на Општина Велес за 2015 година

Почитувани,
Општина Велес Ве поканува на јавни расправи по нацрт-документите на општината за 2015 година. Јавните расправи ќе се одржат на 03.11.2014 година (понеделник) во големата сала на Општина Велес и тоа за претставниците од урбани и месни заедници претставниците, преставници од областите на образованието, културата, здравствената и социјална заштита, како и од здруженија и фондации ( невладини организации, културно уметнички друштва, спортски клубови итн.) и сите заинтересирани граѓани со почеток во 18:00 часот

На Јавните расправи ќе бидат разгледувани Нацрт – документите на Општина Велес за 2015 година:

  • Нацрт-програма за уредување на градежно земјиште на просторот на Општина Велес за 2015 година.
  • Нацрт-програма за изработка на урбанистички планови во Општина Велес во 2015 година.
  • Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на локалниот економски развој во 2015 година.
  • Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на информатичката технологија (ИТ) во 2015 година.
  • Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата на животната средина во 2015 година.
  • Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на културата во 2015 година.
  • Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на образованието во 2015 година.
  • Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на здравствената заштита во 2015година.
  • Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на социјалната заштита во 2015 година.
  • Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на спорт и млади во 2015 година.
  • Нацрт-програма за активностите на Општина Велес за поддршка на граѓанскиот сектор во 2015година.
  • Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и управувањето со кризи во 2015 година.
  • Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на промоција и комуникација со јавноста и меѓународната соработка во 2015 година.

Нацрт - документите што ќе бидат презентирани на Јавната расправа можете да ги превземете во електронска верзија на веб страната на Општина Велес www.veles.gov.mk, Вашите забелешки по нив можете да ги упатите на засебниот Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. (Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.).

Со почит,
Општина Велес