Соопштенија

ОБЈАВА - Издавање на Б-интегрирана еколошка дозвола

Согласно член 113, став 1 и член 122, став 4 од Законот за животната средина (“Службен весник на РМ” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10,124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14), Градоначалникот на Општина Велес издаде Б-интегрирана еколошка дозвола бр. 08-2946/9 на:

Оператор на инсталацијата/носител на дозволата:
Друштво за производство, трговија и транспорт
МИСА-МГ ДООЕЛ експорт импорт Скопје
Адреса:
"Боро Менков" бр. 3а/2-6, 1000 Скопје-Бутел, Бутел
Локација на инсталацијата:
Наоѓалиште м.в. ГРООТ Општина Велес
Координати на локацијата:
41°44`46.93``N 21°44`48.01``E
Контакт лице:
Горан Ковиловски – менаџер за животна средина
тел./факс: 02/3120 098
Категорија на инсталација:
Инсталации за ископ, дробење, мелење, сеење, загревање на минерални суровини доколку не се опфатени со Прилог 1 од Уредбата
Вид на активности:
Површински коп за експлоатација на никлоносна руда и варовник со линија за дробење и сепарација до 50 000 т/годишно

Б-интегрирана еколошка дозвола e објавена на увид на заинтересираната јавност на www.veles.gov.mk


ГРАДОНАЧАЛНИК
на Општина Велес
м-р Славчо Чадиев