Соопштенија

Известување за одржување на изложба - илустрации на Василие Поповиќ Цицо

Во вторник 18.11.2014 Во Ликовниот салон во Велес ќе се отвори изложба на карикатури, акварели, илустрации на Василие Поповиќ Цицо. Изложбата е јубилејна по повод 100 години од раѓањето ( !914-!962) на Цицо, насловена Сеќавање и Омаж на Василие Поповиќ – Цицо. Роден е во Скадар, Црна гора, а од пет години, до крајот на животот живеел во Скопје. Уметничка академија завршил во Белград. На изложбата ќе бидат поставени 60-тина дела на Цицо кои го предскавуваат како акварелист, карикатурист, сценограф, костимограф и илустратор.

Самостојно излагал во Скопје и во Велес, излагал на повеќе групни изложби. Со карикатура Цицо се занимава од школските години во Белград 1934-38, а до 41 уметникот дефинитивно ја оформува својата постапка. Карикатурите на Цицо го следеа неговото време како блага шегобијност или подбив со маните на луѓето: Најчесто се тоа личности од јавниот живот , културниот уметничкиот и научниот, преставени во одделни карикатури или како актери во некои сцени од тогашните актуелни настани. Карикатурата Цицо ја обработува со непретенциозен ликовен пристап, со стилизирање на реалистичката обработка и благо , шегобијно деформирање на ликовите. Придонесот на Цицо го следиме преку карикатури , помал број акварели и неколку масла. Создава и илустрации за книги. Освен во карикатурата Цицо бил активен во областа на театарската и филмската сценографија и графичкиот дизајн, а во акварелите посебно го воодушевувал Македонскиот пејсаж, средновековните цркви и Охридското езеро.


Со почит,
Народен музеј, Велес