Соопштенија

СООПШТЕНИЕ - ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА за Нацрт ДУП за дел од УБ 49, УЕ 9

Врз основа на член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на Р.М. број 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13, 163/13 и 42/14), Градоначалникот на Општина Велес го дава следното

СООПШТЕНИЕ

Се известуваат сите правни и физички лица дека Градоначалникот на Општина Велес донесе Решение за организирање на

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

за Нацрт Детален урбанистички план за дел од УБ 49, УЕ 9 од Генерален урбанистички план на град Велес, опфат помеѓу улица Димко Најдов, јужна граница на КП 10056 и граница на ГУП, Локалитет Димко Митрев (стар погон), КО Велес, Општина Велес, плански период 2014-2019 год.

 

Границите на планскиот опфат се следните:

Од Исток: по граница на улица Димко Најдов;
Од Југ: по граница на ГУП за Град Велес;
Од Запад: о граница на ГУП за Град Велес;
Од Север: по јужна граница на катастарска парцела 10056.

Вкупната површина опфатена во рамките на опишаните граници изнесува 2,92 ха.

Нацрт Детален урбанистички план за дел од УБ 49, УЕ 9 од Генерален урбанистички план на град Велес, опфат помеѓу улица Димко Најдов, јужна граница на КП 10056 и граница на ГУП, Локалитет Димко Митрев (стар погон), КО Велес, Општина Велес, плански период 2014-2019 год. ќе биде изложен во Граѓанскиот сервис центар од 20.11.2014 – 04.12.2014 година, секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот.

Нацрт планот ќе биде изложен и на веб страната на Општина Велес – www.veles.gov.mk.
Во овој период, заинтересираните правни и физички лица ќе можат да пополнат анкетни листови.
Јавната презентација ќе се одржи во просториите на Општина Велес на ден 25.11.2014 година (вторник) со почеток во 12.00 часот.

Градоначалник
на Општина Велес
м-р Славчо Чадиев