Соопштенија

СООПШТЕНИЕ - ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА (изградба на базна станица за мобилна телефонија ВИП,КО Иванковци)

Врз основа на член 50 а од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на Р.М. број 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13, 163/13 и 42/14), Градоначалникот на Општина Велес го дава следното

СООПШТЕНИЕ

Се известуваат сите правни и физички лица дека Градоначалникот на Општина Велес донесе Решение за организирање на

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

Локална урбанистичка планска документација, за изградба на базна станица ВЛС9098 за мобилна телефонија ВИП, на КП 1813, КО Иванковци, Општина Велес

 

Просторот кој е предмет на изработка на локалната урбанистичка планска документација се наоѓа на територијата на Општина Велес.
Опфатот на ЛУПД е во рамки на границите на КП 1813, КО Иванковци, Општина Велес и во тие граници зафаќа површина од 14.4 м2 и е со квадратна форма и димензии 2,75/5.25м.
Локална урбанистичка планска документација, за изградба на базна станица ВЛС9098 за мобилна телефонија ВИП, на КП 1813, КО Иванковци, Општина Велес, ќе биде изложен во Граѓанскиот сервис центар од 25.11 2014 – 01.12 2014 година секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот.
Локална урбанистичка планска документација ќе биде изложена и на веб страната на Општина Велес – www.veles.gov.mk
Во овој период, заинтересираните правни и физички лица ќе можат да пополнат анкетни листови.
Јавната презентација ќе се одржи во просториите на Општина Велес на ден 28.11 2014 година (петок) со почеток во 12.30 часот.

Градоначалник
на Општина Велес
м-р Славчо Чадиев