Соопштенија

Јавен апел - УХМР

Oпштина Велес ги известува сите граѓни дека според информациите од УХМР, овие денови нов јужен бран ќе ја зафати територијата на Република Македонија. Се очекува врнежите да бидат со поголем интензитет од тие во изминатиот викенд. Дополнително се очекува водостојот на реките да се зголеми со топење на снеговите со што се подигнува алармантноста со хидролошката состојба.

Во Велес критична точка претставува течението на реката Вардар низводно од левата и десната страна, пред и по мостот кај Башино село, во месноста Шорка, бавчите во Речани и Рени бунарите, кои се за снабдување со вода. Опсасност од излевање постои и кај градскиот парк, фудбалското и ракометното игралиште, околината на железен мост (месност Дворови), Автобуска станица, Мало Мовче и низводно во околината на фабриката „Димко Митрев”.

Ризични подрачја се и суводолиците во сите населени места каде постои опасност од излевање на надојдените води.

Во таа насока, упатуваме апел до сите жители, сопственици на викенд куќи и одгледувачи на добиток во наведените критични подрачја будно да ја следат состојбата и доколку има потреба да превземат итни мерки за соодветна заштита од поплави.

Општина Велес ги стави на располагање сите расположливи ресури и е во постојана координација и комуникација со надлежните институции се со цел благовремено да се преземат превентивни мерки за избегнување од евентуални несакани последици.

Градоначалник на Општина Велес
м-р Славчо Чадиев