Соопштенија

Одлука за спроведување на стратегиска оцена - ЛУПД за стопански комплекс со основна намена на површини Г2

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10 и 51/11), Градоначалникот на Општина Велес, на ден 04 .02 .2015 година, донесе

Одлука за спроведување на стратегиска оцена

1.За планскиот документ Локална урбанистичка планска документација за стопански комплекс со основна намена на површини Г2 – лесна и незагадувачка индустрија (кланица со придружни објекти) на КП 15339, 15330, дел од КП 15614 и КП 15318 КО Велес, Општина Велес кој го донесува Општина Велес потребно е да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.

2.Како органи засегнати од имплементација на планскиот документ ЛУПД за стопански комплекс со основна намена на површини Г2 – лесна и незагадувачка индустрија (кланица со придружни објекти) на КП 15339, 15330, дел од КП 15614 и КП 15318 КО Велес, Општина Велес , се определуваат следните: Министерство за транспорт и врски, Министерство за животна средина и просторно планирање, Градоначалник на Општина Велес.
3.За планскиот документ ЛУПД за стопански комплекс со основна намена на површини Г2 – лесна и незагадувачка индустрија (кланица со придружни објекти) на КП 15339, 15330, дел од КП 15614 и КП 15318 КО Велес, Општина Велес , за чија изработка е одговорено Општина Велес, а го донесува Градоначалникот на Општина Велес, донесувањето на планскиот документ ЛУПД за стопански комплекс со основна намена на површини Г2 – лесна и незагадувачка индустрија (кланица со придружни објекти) на КП 15339, 15330, дел од КП 15614 и КП 15318 КО Велес, Општина Велес ќе има влијание врз животната средина.
4.Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти: ЛУПД се изработува за простор кој се наоѓа на простор кој е заштитено подрачје-карактериситчен пејсаж. Извештајот треба да ги опфати следните влијанија-влијае врз пејсажот, интегритетот врз речното корито на река Бабуна, влијание од испуштање на нетретирани отпадни води во р. Вардар која се наоѓа во непосредна близина на заштитеното подрачје, влијание при градба на новопланираните објекти и нивна употреба. Бидејќи локалитетот Бабуна се користи како простор за рекреација, треба да се има во предвид и ова влијание, како и влијание врз флората и фауната во заштитеното подрачје..
5.Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Велес на следната веб адреса/и: www.veles.gov.mk.
6.Против оваа одлука јавноста има право на жалба до Министерство за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.

ГРАДОНАЧАЛНИК
на Општина Велес
м-р Славчо Чадиев