Соопштенија

КОНКУРС - за делегирање на надлежноста на Општина Велес за организирање и реализирање на културната „Детски Рацинови средби“ на здружение на граѓани

Врз основа на Одлуката за делегирање на надлежноста на Општина Велес за организирање и реализирање на културната манифестација „Детски Рацинови средби“ на здружение на граѓани („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.2/15) и член 4 од Правилникот за начинот и постапката за делегирање на надлежноста на Општина Велес за организирање и реализирање на културната манифестација „Детски Рацинови средби“ на здружение на граѓани („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.3/15), Градоначалникот на Општина Велес, распишува

КОНКУРС
за делегирање на надлежноста на Општина Велес за организирање и реализирање на културната „Детски Рацинови средби“ на здружение на граѓани

 

Право на учество на конкурсот имаат здруженија на граѓани од областа на културата со соодветна програмска активност.
Се делегираат надлежностите од областа на културата предвидени во Програмата за активностите на Општина Велес во областа на културата што се однесуваат на Културната манифестација „Детски Рацинови средби“.
Обврска на здружението на граѓани е во целост да ја испланира, организира, реализира и менаџира Културната манифестација „Детски Рацинови средби“.
Финансиската конструкција за реализација на делегираната надлежност е содржана во Програмата за активностите на Општина Велес во областа на културата за Културната манифестација „Детски Рацинови средби“..
Кон пријавата здружението на граѓани треба да приложи:
1. Акт за регистрација на здружението издаден од Централен регистар со прилог Програма за работа.
2. Полн назив и адреса на субјектот што ќе ги реализира активностите од делегираната надлежност;
3.Детален опис на активностите, носители и рокови за реализирање на делегираните надлежности (Програма за реализирање на делегираната надлежност);
4. Финансиска структура на активностите;
5. Име, презиме и матичен број на лицата ангажирани во реализирање на делегираните надлежности, нивна квалификациона структура и професионално искуство;
6. Име, презиме и контакт телефон на одговорното лице за реализација на делегираните надлежности.
За меѓусебните права, обврски и одговорности за реализација на делегираните надлежности помеѓу Општина Велес и здружението на граѓани ќе се склучи договор, согласно Законот за облигационите односи.
Заинтересираните здруженија пријавите со горе наведените прилози може да ги достават до Општина Велес во рок од 8 дена од денот на објавувањето на Конкурсот во архива или по пошта на адреса: ул. „Панко Брашнар“ бр.1 Велес, со назнака за „Комисија за делегирање надлежности за организирање и реализирање на Културната манифестација „Детски Рацинови средби“.
Пријавите со непотполна документација и доставени после предвидениот рок, нема да бидат разгледувани.
Сите заинтересирани здруженија на граѓани подетални информации за објавениот конкурс можат да добијат во Општина Велес на тел. 232-406 локал 113.

Градоначалник
на Општина Велес,
м-р Славчо Чадиев